Home Live Елена од Сител на гледачите им посака среќен ден, а и како...

Елена од Сител на гледачите им посака среќен ден, а и како да не им биде, со толку краток фустан (ФОТО)

Секогаш доследна на својот романтичен стил, водителката од ТВ Сител Е ена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која е доста популарна во јавноста.

Елена направи харизматична спојка помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.

Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.

Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето.

Мислам дека сево ова е доказ, зарем не?“, ракажала Елена во едно свое интервју за порталот Фешнел, и потоа во истиот медиум, таа додала:

Секогаш го дефинирам мојот стил како романтичен, и во најрокерската комбинација јас ќе најдам простор за нешто нежно.

Радиото дозволува комфор во многу нешта за разлика од телевизијата, па и во облеката. Но, јас сум доследна на себе.

Не се шминкам за на радио, но изборот на гардероба е пристоен и во согласност со тоа како се чувствувам, некогаш знам и многу да се дотерам.

Одам на ревии кај дизајнерите кои ме повикуваат, ги канам во своите емисии и мислам дека за жал талентот некогаш го ограничува скромниот буџет. Но, ме радува оптимизмот и знам да излезам во пресрет и медиумски да ги поддржам луѓето од македонската модна сцена.

кариерата ја започна на 16 години во саботната радио емисија „Наши графити “на Втора програма Македонско радио. Таму остана до 2016.

-Имав мали паузи но дефинитивно Сити радио беше моја најголема и најдолга радио приказна.

На телевизија почнав на 18 години со емисијата 100% на А1 телевизија, а еве сега речиси дваесет години подоцна ги будам гледачите на Сител во утринската „Ја сакам Македонија“. Имав и мали прекини, но сепак вака во бројки е прилично долг период.

Радиото дозволува комфор и ви дозволува да бидете вие, без никакви маски од шминка, внимателно седење, внимавање на гестикулацијата. Некогаш и тешко беше да се одвојат едниот од другиот медиум, но радиото мене ми помагаше за говорот на телевизија.

Радиото направи да имам брза течна мисла, да се снаоѓам во повеќе ситуации. Телевизијата пак си има свои придобивки, присутноста на тв екраните е фантастична промоција за некој што решил да се занимава со оваа работа“, изјави таа во интервју за Убава.мк

Елена, која е со години омилена кај гледачите, во истото интервју вели: Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата.

Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата.

Таа е ќерка на Илина и сопруга на Огнен, а за својата ќерка Елена изјави: Кога првпат ја видов, се помирив дека физички не личи на мене. Ниту на татко и. Илина е своја и гледајќи ја мислам дека е совршена божја креација.

Искрено, посакувам само да е здрава. Карактерно би ми било доволно ако научи да ги почитува луѓето но поради вистинските вредности“, рече Елена.

Елена на Инста стори објави своја нова слика, на која таа е облечена во краток фустан, и со високи чизми и на неа напишала: Среќен понеделник. Сигурно дека и на гледачите на Сител овој ден им бил среќен, штом Елена им посакала убав ден на ваков начин.

Previous articleСпасе искрено откри за дечкото на Лила, а раскажа и за неговата девојка
Next articleМарија: Се враќаме во пештерското време, каде комуницирале само со слики