Home Live Еве како звучи, ама и како изгледа кога Јордан Митев ја пее...

Еве како звучи, ама и како изгледа кога Јордан Митев ја пее „Ја излези Ѓурѓо“, подобар ли е од „Некст тајм“? (ВИДЕО)

Од почеток на пандемијата до денес, работеле напорно на нови песни со музичарот Никола Мицевски.

Стефан и Мартин, близнаците од „Некст тајм“ издадоа нов албум, кој според нив ќе има потенцијал да остане низ генерациите што доаѓаат, а е со наслов „Мајка“.

На овој албум ги има сите преработки на песните што народот ги сака „Ја излези Ѓурѓо“, „Кога падна Пирина“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Јовка кумановка“ кои се пеат во еден глас секаде каде што Мартин и Стефан настапуваат.

На 17 декември во салата Јане Сандански, тие ќе одржат концерт и ќе ги пеат токму овие песни.

– Љубовта кон овие песни сигурно доаѓа кај сите нас од мали нозе, тоа е нашата култура и традиција. Ние имавме можност да растеме во музикално семејство, почнувајќи од нашата мајка, татко, вујко, дедо, баба. Од мали знаевме за дел од овие песни.

Спонтано дојде и моментот на овие години да ги пееме ние тие песни, во некое ново издание, за кое сметаме дека ќе допре повеќе кај младите, а ќе ужива и повозрасната публика, којашто е повеќе запознаена со нив.

Нашиот дедо од село Жван – Демир Хисарско, знаеше често да зборува за историски настани, за она што тој и неговиот татко го доживеале во тоа минато, комитско, партизанско време“, изјавија „Некст тајм“ за Женски магазин.

Ние имаме уште песни за промовирање. Целиот овој период од почеток на пандемијата ние работевме напорно на нови песни заедно со Никола Мицевски, и има уште четири коишто треба да ги слушнете, а се веќе готови.

Спремете се за албум којшто сметаме дека има потенцијал да остане низ генерациите што доаѓаат. Се трудиме да ги балансираме разликите затоа што сега нас нè спојува и работата, а тоа е музиката.

Искрено, знаеме да се налутиме еден на друг, но и да попуштиме и да не трае тоа многу долго, бидејќи од голема лутина нема добри резултати. Така што, се прават компромиси и од една и од друга страна.

Интересно е тоа што на крајот од денот кога ќе се најдеме на сцена, функционираме како едно. -Сметаме дека секој којшто се занимава со музика треба да истражува, импровизира и креира различни дела.

Не би било добро да си ограничен од непознавање музика, тогаш не би требале да се занимаваме со неа. Така и ние, во крвта наша е да испробуваме нови правци, да креираме нешто ново, макар и нов аранжман на стара традиционална песна“, кажаа тие за Женски маагзин.

Пејач кој исто така ја сака и ја почитува, а богами и добро ја пее и ја свири македонската музика е Јордан Мигтев.

– Па имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент. Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија. Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање.

Зошто е тоа така, немам точен одговор. Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра. Нема дефиниција за хит. Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде.

Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажа“, изјавил Митев за muzichkiregistar.com

Повеќето професионалци и музичката фела што ги креира и интерпретира песните од другите жанрови (не фолк) имаат уште многу да учат од оние што го третираат фолк жанрот кога станува збор за присутност на светските е-продавниците како на пример Дизер (Deezer) и Спотифај (Spotify).

Некои од изведувачите и авторите допрва го откриваат овој аспект од музичката индустрија и модерниот свет на светската музичка индустрија. Ти имаш свои изданија на споменатите платформи уште од 2012 година.

Каква е твојата приказна, коментари и став по однос на поставување на музиката на светските е-продавници за музика и дали има финансиски ефект за кој вреди ангажманот за поставување на музиката на популарните светски е-продавници?

Јордан Митев ја пеел песната „Ја излези Ѓурѓо“ на свој настап во рестора, и според она што го испеал- секоја чест може да се каже. Било лом, се пеело и се играло од срце.

А тоа најдобро можете да го видите на видеото подолу, па проценете сами, дали оваа позната песна подоро ја пее Јордан, или „Некст тајм“.

Previous articleВака заведуваат Гавазова и Велевска, едната со ептен отворено деколте, другата со фустан кој открива (ФОТО)
Next articleЈована ја отвори душата за својот бурен живот: Ми нудеше 500 евра за ноќ