Home Live Јованка Житарова една слика ја чува посебно, како да не ја чува,...

Јованка Житарова една слика ја чува посебно, како да не ја чува, кога изгледа на авион (ФОТО)

Јованка Житарова на музичката сцена се врати после пауза од 10 години, а за време на истата се реализираше во улога на мајка, односно ги роди близнаците Зои и Картер за кои во повеќе наврати досега има истаканто дека се нејзино „СЀ“ во животот..

Во една прилика беше и гостинка во „Бекстејџ“, а во рамки на гостувањето откри детали поврзани со нејзината кариера, но и приватен живот.

Ги откри причиите за разводот со сопругот, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и бо pбата за нејзините деца.

Таа во еден период од својот живот, додека беше со поранешниот сопруг живееше на Алјаска, па се врати во Македонија.

„За ништо во животот не сум зажалила, па ни за тоа. Приоритет во сѐ имаат децата. Се остварив како сопруга прво, па како мајка, на двете близначиња, Зои и Картер, така да не сум зажалила.

За сѐ има време во животот, сега на кариерата малку да се посветиме. За причините за разводот не сакам многу да зборувам, значи добро е што постои развод, и ако тоа е единствената ситуација која може да се направи, ете, ниту сум прва, ниту сум последна, важно е да се среќни децата, и покрај тоа што се на разведени родители.

И покрај тоа што сум се развела од поранешниот сопруг Роберт, и понатаму си останавме во добра комуникација, сепак нели имаме две мали дечиња, кои треба да ги изведеме на нормален пат“, рече Јованка за своите ќерка и син.

-Можам да кажам дека 360 степени ми го променија животот, на подобро, секако. Сега сум многу позрела личност, имам поголема самодоверба од порано“, рече Јованка додека ја совлада емоции и пушти солза.

Меѓутоа, некои пријатели и моите родители ми велат дека многу им попуштам, но сепак гледам да има некој баланс помеѓу таа дисциплина и попустливост“, рече Јованка која сега работи под уметничкото име Јова. Во една прилика, на Инста таа порача:

-Можам да заборавам да понесам многу работи со себе, но насмевката и да сакам не би можела да ја заборавам бидејки е двигател во мојот живот кое ми доаѓа искрено и никогаш исфорсирано од дното на моето срце и душа.

– Немаш причини да гледаш назад во минатото кога имаш премногу причини на гледаш напред кон иднината“, рече Јованка во една своја друга објава. Она на што пејачката е горда, освен децата секако е нејзината музика и нејзиниот изглед.

Лани за Еспресо.мк, Јова даде посебна изјава за нејзините родители, кои ретко ги спомнува во јавноста. Имено, таа за ланските новогодишни празници рече дека ќе ги помине со децата, кај нејзините родители.

– Долги години поминаа како ние четворицата, јас, сестра ми Никица, мајка ми и татко ми не сме биле заедно за Нова година. Мислам дека уште од детство тоа не се случило. Јас долги години немав своја забава за Нова година, туку настапував, ги забавував другите.

Потоа со години на овој ден сум славела во Аљаска. Сестра ми секако некогаш била со друштво, потоа се омажи и некако мајка ми и татко ми сами си ја чекаа. Е оваа година ќе биде поинаку им многу се радувам.

Нашето семејство е на купче како некогаш. Ова им е чудно и на мајка ми и татко ми и на шега на сестра ми и на мене ни велат – да не беше коро ната и годинава сите ќе славевме на различни места.

Во нашиот дом отсекогаш се пеело и било весело, па така и оваа година. Тие рекоа дека ќе направат список на песни кои сакаат да им ги отпееме. Додуша јас да им ги отпеам, бидејки сеста ми не е по пеењето, но таа ќе аплаудира, изјави Јова за Еспресо.

Инстаграм профилот на Јова е исполнет со многу фотографии од пејачката и од децата, за кои и се сѐ во животот. Јова има многу фотосесии со различна тематика на кои изгледа како божица.

На една фотографија, која очигледно е многу значајна за Јова е направена во јули, летово и оттогаш пејачката не објавила ништо друго на својот профил.

„Остави морето да те ослободи,“ напишала Јова во описот.

Previous articleКако филмска дива- Зуица Лазова ептен смени имиџ, изгледа топ! (ФОТО)
Next articleИмаше брада, беше многу среќен и расположен, како да знаеше дека му е последен роденден