Home Live Како филмска дива- Зуица Лазова ептен смени имиџ, изгледа топ! (ФОТО)

Како филмска дива- Зуица Лазова ептен смени имиџ, изгледа топ! (ФОТО)

Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца, но најпозната е по тоа што е една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште.

Зуица Лазова е сестрана жена, на која уметноста ѝ е во крв, и се занимава со работата која многу ја сака.

Таа важи за дама која најчесто негува одмерен дамски и елегантен изглед, а со тоа е една од ретките наши фолкерки кои не играат на картата на провокација, барем досега.

Зуица долги години е на естрадата, а времињата се променија, конкуренцијата е силна, а нагласената убавина на сцената стана задолжителна, објави во една прилика Вистина.

Зуица најчесто ја гледаме на фолк фестивалите, каде секогаш има беспрекорна дизајнерска комбинација, односно елегантна визуелна модна слика која речиси секогаш е нејзиниот сценски избор.

Дури и кога се појавуваше во улога на водителка, таа избираше дамски фустани кои повеќе се романтични и елегантни.

Зуица на ТВ Сител рече дека хармониката не е само машки инструмент и се гордее дека изучила многу генерации.

– Многумина не знаеја дека јас на хармоника свирам класична музика. Очекуваа веројатно да засвирам по неко оро или некоја народна песна.

Но, јавноста научи дека хармониката е фантастичен инструмент за свирење класична музика“, рече Зуица.

– Мене никогаш не ми било тешко да изберам што сакам во животот, тоа беше хармониката и ќе остане до крај. Затоа секогаш сум внимавала да останам доследна на професијата.

Да бидеш професор не може да ти дозволи да бидеш прв во другата професија, во пеењето.

Тука секогаш мораш да внимаваш до каде може да оди границата, и на провокативност, и на однесување, и на облекување.

Секогаш кога ќе излезев на сцената, а знаев дека сум од сабајле на работа, а после тоа на пеење, облеката којашто ја бирав мораше да соодветсвува и за едното и за другото“, зборуваше Зуица за својот стил на сцената за кој рече дека внимателно се грижи.

За време на пандемијата, зборуваше како ѝ дошла паузата од настапите која ѝ ја донела пандемијата. „На почеток, ми дојде како кец на десетка. Имав време да одморам, да научам нешто ново.

Во кујната во оваа време мислам дека сите станавме експерти. Мислам дека не остана нешто што споделија по интернетот, а што јас не направив.

Сега веќе ни недостасува она што живот значи. Сцената за нас значи живот и финансии и уживање, и дружба со сите оние коишто сакаат да не слушаат, и едвај чекаме ова да заврши или некако да стивне“, рече Зуица.

Таа потоа ја коментираше онлајн наставата во тоа време, и рече дека како професор по хармоника засега добро ѝ оди со учениците, но за неа не е тоа тоа, и онлајн наставата онлајн настапите кои ги практикуаат нејзините колеги и од домашната и од светската музичка сцена.

Зуица на новата слика која ја објавила на Фејсбук, изгледа многу убаво, како филмска дива. Зуица отсекогаш била многу убава жена, но со овој нов имиџ, со ваква фризура и шминка одега не ја знаеме и навистина изгледа како од моден каталог.

Previous articleИст како татко му, ова е синот на Гоце Тодоровски, објавија слика со сестра му Сашенка (ФОТО)
Next articleЈованка Житарова една слика ја чува посебно, како да не ја чува, кога изгледа на авион (ФОТО)