Home Live Марија: Се враќаме во пештерското време, каде комуницирале само со слики

Марија: Се враќаме во пештерското време, каде комуницирале само со слики

Таа е писателка и уметник која изработува рачен накит и тоа доста успешно. Се вика Марија Лозаноска или Писателката од Лозана, и таа е сестра на пејачот Влатко Лозаноски- Лозано.

Следејќи ја Инстаграм, за оваа убава дама ќе откриете многу нешта, од лични приказни до мотивирачки мисли, напишани на читлив јазик и на примамлив начин. Во една објава, писателката раскажува за тоа како сосема неочекувано била поканета да биде модел на познат бренд на долна облека.

Иако, како што и самата вели, целиот живот се бори со вишокот на килограми. Во друга пак зборува за денот во кој лекарите ѝ го спасиле здравјето го слави како втор роденден.

Дел од својата душа, Марија Лозаноска откри за „Женски магазин“.

– За своите таленти бев свесна уште од најраните училишни денови и гледав уште оттогаш да ги негувам. Нескромно морам да кажам дека поседувам неколку таленти, но секогаш пишаниот збор победувал над сите и тој е оној кој ме дефинира најдобро.

Сум учествувала на секакви натпревари и апсолутно секој ден сум пишувала низ тетратки поезија, мојата прва љубов. Токму поради љубовта кон пишувањето и македонскиот јазик, дипломирав како македонист и книжевник и факултетот беше тој кој ми помогна за пишувањето романи. Т

Тоа следно ниво ме внесе во тој свет на сериозното пишување наречено роман кое не е воопшто лесно.

Првите стихови и прози биле кога сум научила да пишувам и јасно се сеќавам дека на тогашната учителка ѝ кажував дека сакам да бидам писателка, што ми се оствари во возрасниот свет со два објавени романа и како текстописец на неколку хита.

Никогаш сум немала амбиции да бидам модел, туку повеќе сум лик кој сака да се изрази на што поуметнички начин.

Во овој случај, бев повикана од една позната компанија за долна облека и пижами за да изрекламирам една нивна тогашна колекција за пижами со поголеми броеви.

Во тие моменти бев поласкана, но од друга страна бев со двојбата дали јас прифаќам дека сум девојка со повеќе килограми. Но, сфатив дека сепак тоа е дел од мојот живот и зошто да не пренесам порака со тој проект кој се случи само тогаш.

Сепак во мене препознале доволно убава жена да ги краси нивните страници, па зошто да не го прифатам нивниот комплимент како што е и етички исправно. Со овој проект сакав да си покажам најпрво на себеси, па на другите, дека треба да ја гушнеш секоја своја состојба и форма за да продолжиш напред.

Јас сум уметник и не сум никаков модел, но сум човек кој смета дека треба да се изградиме премногу духовно и умствено затоа што сè може да ни се случи, не само вишокот килограми, и токму тој силен карактер е оној кој ќе нè преброди до подоброто утре.

Ми се појави еден здравствен проблем кој не беше ризичен по живот, но кој поради спој на околности ескалираше до тоа да стигнам до лежење во болница. И покрај редовни контроли, сепак дојдов до таа ситуација и не се обвинувам ниту јас ниту лекарите, туку тоа го гледам како нешто кое морало да се случи.

Проблемот се реши тогаш и повеќе не постои. На тој ден можам да кажам дека Господ ме чувал и ми дал една голема лекција.

Фала му на Бога совршено сум здрава и камо да не се повтори никому болница освен за убави работи“, изјавила Марија мкоја доста го негува македонскиот јазик.

Во четрток е празникот Свети Климент Охридски, а по тој повод, Марија има посветено едне статус на Фејсбук и во него ја раскажѕва нашата сегашна реалност, што се однесува до познавањето и почитувањето на македонскиот јазик:

– Се ближи празникот Св. Климент Охридски и за тие што не знаат, тој и брат му ја напишале кирилицата. Поминале векови за да се описмениме, ама реалноста е друга.

Со тоа што правам содржини со македонски јазик на социјални мрежи, до мене стигнуваат тинејџерите и младите, што е одлично.

Но, се сретнувам со ужасна состојба. Сфатив дека ние се враќаме пред Климентовото време, односно во пештерското, каде комуницирале со слики или денешни емотикони.

При едукација за кирилица, тие имаат толкава одбивност кон кирилицата, не планирале да одат во опции во телефон да менуваат, напаѓаат како можеле да се разберат на македонски и на латиница и жестоко се борат објаснувајќи се со банални причини.

Луѓе, со ваква младина ќе ни ја снема кирилицата. Нема да постои. Ужасната сум од глетката, од неписменоста и од гордоста на тоа што се неписмени.

Горди се на пештерската комуникација преку мемиња, гифчиња, емотикони, нецелосни реченици, полумакедонски и полуанглиски (патем ни на англискиот не се некои писмени).

Професор(к)и по македонски, родители, останати наставници, погледнете си ги децата. Утре треба да бидат личности. Јазикот е огледало на еден човек. Ако го сака македонскиот, ќе ги сака сите јазици.

И обратно. Многу е очајна статистикава што ја гледам. Ќе го славиме Климент и ќе им кажеме на младинава преку гифче зошто е тоа така“, напишала Марија на Фејсбук.

Previous articleЕлена од Сител на гледачите им посака среќен ден, а и како да не им биде, со толку краток фустан (ФОТО)
Next articleСестрата на Душко Тошиќ кажа искрено што мисли за Јелена Карлеуша, ова кажува се (ФОТО)