Home Live Се обвиткувам во болка, само дел од мене остана- 11 години без...

Се обвиткувам во болка, само дел од мене остана- 11 години без Гоце Арнаудов, а еве што рече неговата ќерка Харита за татко си, и како живее сега со своето семејство

На денешен ден, 6 декември воп 2011 година, престана да лука срцето на Гоце Арнаудов, нашата музичка легенда, човекот кој со своите песни се уште ги гали срцата а народот.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко.

По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година.

За кратко време, тој ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор.

Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија.

Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Често во Европа, Америка и Австралија учествувал на добротворни концерти и бил познат како многу хумана личност и омилен меѓу пријателите.

Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, а раководството на областа му дала награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Се упокои од ра к, на 6 декември 2011 година во болницата во Франција каде што се лекувал.

Гоце за својата кариера зборуваше во едно Тв интервју во 1999 година.

– Јас кога почнав на естрадата, во 1992 година, оставив силен впечаток. И уште не е прекината таа нит помеѓу мене и публиката. Ги освоив сите награди, го освоив дометот и мислеа луѓето дека треба веќе да паднам.

Но, јас пак ги освоив сите фестивали, сите награди, и ТВ лице на годината. Така да, јас работам. Тоа е една континуирана работа, и мора да има плод.

Јас сета енергија и сета емоција ја црпам на сцената и ја давам на народот. Тоа го ценат луѓето. Не сум јас толку тргнат по наградите, јас сум тргнат по песните.

Сите знаат дека на почетокот јас пеев забавна музика, рок музика, потоа станав кафански пејач и најмалкун пеев народна музика.

Свирев по такви локали по светот. 17 години бев на Јадранско море, каде што не се свиреше народна музика. Ги знаев сите македонски народни песни, татко ми е музичар.

Луѓето ми велат кога не пеам: Гоце, зошто си лут? Знаат дека сум расположен, но кпга не пеам, сосема сум друг човек. Таму ја исфрлав цела енергија. Кога ќе седнам на столот сакам некој мир, и кога разговараме не можам да бидам истиот како на сцената. Пак има моменти кога се однесувам така, и откачено“, изјави Гоце.

Неговата сопруга Силвија, во 2016 година за „Фокус“ изјави:

– Гоце беше целиот мој живот. Знаев колку му е важна кариерата, затоа и му се посветив нему, на нашите две деца, на домот, семејството. Не се ни трудев да градам моја кариера, бев и мајка и татко, поради неговите чести турнеји и работни обврски.

И не жалев поради тоа, мојот сопруг го живееше животниот сон, беше нашиот голем музички амбасадор, а јас бев горда што сум му поддржка, не надевјќи се дека еден ден ќе го живеам животот кој што го имам денес.

Но, вистината е тоа дека јас, сопругата на нашата најголема фолк легенда во изминативе децении, немам никакви примања, никаква пензија наследена од мојот сопруг, паднаа во вода ветувањата дека постхумно ќе биде прогласен за национален уметник, за заслужна личност“, изјави сопругата на Гоце.

За Фокус, проговори неговата ќерка Харита Арнаудова, која рече колку емоции почуствувала во еден посебен момент, кога ја слушнала песната од својот татко пред две години.

– Ги видов снимките со нашите фудбалери кои се забавуваат со песна од татко ми. Со две мали деца сум, обврски околу нив, изгледа јас последна го видов видеото кое ме трогна до срж и започнав да плачам- за ,,Фокус” раскажува Харита Арнаудова, ќерка на легендарниот фолк музичар.

Неговата песна ,,Ќе пијам, ќе лумпувам” вчера одекнуваше на голем звучник во хотелот во Букурешт, каде тогаш беше сместена нашата фудбалска репрезентација, а снимката со расположените фудбалери за кратко време стана хит.

Харита вели дека да беше жив татко и, тоа ќе било едно од неговите најубави доживувања, да види како неговите песни одекнуваат пред важните натпревари на ЕП.

-За татко ми фудбалот беше важен исто колку и музиката! Сигурна сум дека ќе најдеше начин да биде со фудбалерите во текот на целото првенство, да ги следи, бодри, забавува, сигурно…

Горан Пандев, или како што ние си го нарекуваме, Гочето и татко ми имаа посебна врска. Многу се почитуваа и сакаа. Горан е наша гордост и ни е како дел од семејството. Татко ми го сакаше како син. Се радуваше на неговите успеси, на раѓањето на неговите деца, затоа што не го дочека раѓањето на нашите…

Пандев и брат ми Оскар заедно беа на финалето помеѓу Интерн и Баерн Минхен во 2010 година, кога Горан успеа да го крене и победничкиот трофеј на лига на шампиони. Убави спомени има цело наше семејство со него – појаснува Харита.

Харите е инаку мажена во Охрид, и на една од сликите на нејзиниот Фејсбук профил, го има покажано својот сопруг. „Време само за нас“, напишала Харита до оваа слика.

А инаку, таа е мајка на две прекрасни девојчиња, Каја и Дора, со кои се има сликано на нејзиниот роденден и фо оваа слика со ќерките, како дува свеќички, Харита има напишано:

– Откако ги родив се случува да заборавам кога сум јас родена. Затоа сте тука вие, да ме потсетите и сегогаш дополнително да ми го разубавите денот со вашите роденденски желби. Ви благодарам од срце“.

Харита на Фејсбук го негува споменот на својот татко, а на една од објавите е на 19 август, по повод роденденот на татко ѝ, Харита напишала: Те сакам тато. Роденден на тато. Вечност…

Харита има и една слика со својот упкоен татко, која е објавена во 2012 година, пет месеци по загубата, и до неа напишала: 5 месеци без тато. Се повеќе ми недостигаш, секој ден.

А најемотивната посвета, Харита ја има објавено една година откако го загубила татко си и напишала: На овој ден се обвиткувам во болка, и за разлика од останатите денови дозволувам да биде очигледна.

Горда сум и на болката бидејќи е за тебе… Знаеш тато, оној ден кога си замина, не замина и дел од мене со тебе… напротив… само дел од мене остана, се друго отиде….

Со тебе живеев, без тебе преживувам… со тебе се смеев, без тебе сум само насмеана. Со тебе имав се…и без тебе имам се, освен тебе, а тоа малку е. Горда сум на себе, затоа што сум дел од тебе.

Во мене чука твоето срце. Те сакам тато“, напишала Харита на Фејсбук една година откако се упокои овој наш музички великан.

Previous articleЛила распали како никогаш досега: Џабе одите во црква мизерии едни, мизерии
Next articleСпасе искрено откри за дечкото на Лила, а раскажа и за неговата девојка