Home Live Вака заведуваат Гавазова и Велевска, едната со ептен отворено деколте, другата со...

Вака заведуваат Гавазова и Велевска, едната со ептен отворено деколте, другата со фустан кој открива (ФОТО)

Сузана Гавазова и Елена Велевска се две наши успешни македонски фолкерки. Едната е постојано во Македонија, другата живееше во Шведска, но често доаѓаше во родниот крај, па се врати дома со сопругот и со ќерките.

Во една прилика, Елена Велевска во интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует. Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка. Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме.

Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

Таа тогаш истакна дека идејата за дуетот била заедничка, но дека Гавазова не сакала да се соочат во студиото.

„Таа сакаше нејзиниот дел да го сними посебно, а јас својот дел посебно. Јас кажав дека изгубив два термини.

Многу ми е скапо времето кога се во прашање моите деца и не сакам да губам време во нешто што вложувам сама.

Ако сакаш да направиме дует јас секогаш сум на располагање, но сакам и следниот пат да бидеш и ти тука“ објасни тогаш Велевска.

Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините.

„Точно да, не се најдовме во студиото. Кога таа беше слободна, јас не бев и обратно. Не можевме да се најдеме во ист термин. Не знам зошто се налути. Јас мислам дека песната не беше добра за да направиме еден бум.

Песната треба да биде добра за еден дует, да има ефект. Не бевме задоволни со песната и најдовме една причина дека не се согласивме. Ако имаме добра песна ќе снимиме дует“ кажа Гавазова за „Ексклузив“.

Таа истакна дека комуницираат и дека пред некој ден и го честитала роденденот на Велевска.

Сузана Гавазова и Елена Велевска тогаш одржаа заеднички онлајн концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А инаку, на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: Две македонски диви. Инаку, ова е причината што тие две не беа во добри односи.

И Велевска и Гавазова речиси во исто време шернаа слични сториња, но сепак различни. Сузана, гордо го истакна своето деколте, кое прво го откри, па потоа го покри со џемперот, и иако таа јавно ги истканува своите облини кои мажите ги сакаат, вљубена е само во еден.

Тоа е Јасмин со кој е мажена долги години, и заедно ги имаат ќерките Емиили и Селена, кои неодамна пееја на детско фестивалче, и по се изгледа ќе ја наследат мама.

И Велевска за својата ќерка Софија еднаш изјави дека е доста музикал,а а наа е мајка на три деца: Софија,Марко и Калија.

Велевска пак, облече фустан со отвори на грбот и на рацете, кој е тесен и досат провокативен, а го облекла на настап во ресторан каде што заиграла и запеала за госите кои дошле на настапот.

Иако се конкуренција, двете пејачки кажаа дека се доживуваат како пријателки, а и двете се еднакво атрактивни и убави, а за вкусовите не се расправа, на едните едната им е омилена, на другите другата.

Previous articleЖенско друштво во кафана – Марјана се шминка на маса, си ја средува косата, а во позадина имаат и придружба
Next articleЕве како звучи, ама и како изгледа кога Јордан Митев ја пее „Ја излези Ѓурѓо“, подобар ли е од „Некст тајм“? (ВИДЕО)