Home Live Женско друштво во кафана – Марјана се шминка на маса, си ја...

Женско друштво во кафана – Марјана се шминка на маса, си ја средува косата, а во позадина имаат и придружба

Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.

Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.

Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.

На нејзината витка фигура може да ѝ позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.

Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.

Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.

-Процесот на шминкање е многу едноставен за некои девојки, додека за други претставува права “ноќна мора”.

Но она што е заедничко за сите нас девојки и жени е тоа што сите ние посакуваме што е можно подобро да го совладаме овој процес, (колку-толку )

Станојковска важи за девојка со ангелско лице кое секогаш изгледа прекрасно, па понекогаш таа споделува со фановите на Инстаграм на што се должи тоа.

Познатото наше тв лице објави дека е на третман на своето лице и притоа напиша: – Мезо и кислородна терапија со апаратот.

На една од поновите слики на Инстаграм, Марјана е во базен, облечена во мини бикини (долен дел). Марjана отсекогаш била згодна и фит, но на оваа слика се гледа дека е видно ослабена.

Таа всушност вака се дотерала за да раскаже за милиончето, тоест награда од милион денари, која може да се освои со инстант лоз. Како лото девојка, Марјанче на вистинсми начин ја рекламира фирмата во која работи – секоја чест.

Како што е познато, Димитар Атанасовски заедно со Марјана Станојковска го водеше фестивалот Макфест кој се одржа во Штип, и меѓудругото на сцената тие освен што најавуваа песни имаа и шоу.

Димитар и Марјана играа залепени еден до друг, ама Сара не е љубоморна сопруга по се изгледа. Додека Димитар уживаше со Марјана на сцената, таа дома го чуваше бебето Кирил и ќерката Сара и на социјалните мрежи напиша дека Марјана и Димитар ѝ се омилен водителски пар.

Едно тотално поинакво макфестовско искуство. Се надевам уживавте“, напиша Димитар до сликите со Маријана.

Марјана Станојковска беше гостинка во емисијата „Еден на еден“ со Жаре и таму нашата позната манекенка и водителка зборуваше на повеќе теми од разни области. „Претходно работата ми беше ориентирана на телевизија и на реклами.

Сега, повеќе сум ориентирана на социјални мрежи, повеќе на Инстаграм, помалку на Фејсбук“, рече Маријана која сега е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки со доста следачи кои ги бендисуваат нејзините слики на Инста.

Маријана зборуваше за тоа како почнала на ТВ, и тоа во ТВ Бинго, а ја повикал никој друг туку Игор Џамбазов, а за него оваа наша убавица рече дека кога го запознала се чувствувала како да го знае цел живот.

Марјана во една прилика зборуваше и за тоа дека кога победила за избор на Мис во Кина дека не можела да верува кога водителот рекол Македонија.

„Мојот прв избор за Мис беше мис на маало, и јас победив“, раскажа Марјана. Потоа зборуваше какво детство имала, дека раснела во центар, си играла со барбики, имала многу другарки и дојде моментот кога убавицата ја покажа својата емотивност.

Таа покажа слики од неа кога била дете, зборуваше за двете баби, како ја викале, и што ја научиле и колку љубов тие ѝ давале, и потоа ѝ дојдоа солзи на очи. Маријана во вакво издание досега ја немавме видено.

Синоќа, Марјана на стори објави дека е во кафана со женско друштво, каде беше и Бојана Скендеровски. За оние што се прашуваат, што ли правеа волку убавици сами во кафана, всушност најверојатно тие снимале нешто.

Марјана на видеата на стори се гледаше како си се дошминкува, а на следното пак си ја местеше косата.

Потоа објави како другарка ѝ со која седеше на маса, ги снима сите, а напишала: „Денес сум во улога на модел“. На едно од видеата исто така, можеше да се види како имаат и придружничка – шминкерка, што се потврдува дека овие убавици снимале нешто.

Previous articleИмаше брада, беше многу среќен и расположен, како да знаеше дека му е последен роденден
Next articleВака заведуваат Гавазова и Велевска, едната со ептен отворено деколте, другата со фустан кој открива (ФОТО)