Home Live Баба Рада го откри рецептот за кој вели дека го крепи целото...

Баба Рада го откри рецептот за кој вели дека го крепи целото тело (ФОТО)

ТВ емисијата и билките на Баба Рада за кратко време станаа хит во Македонија. Потоа заради иницијатива на докторите емисијата беше укината. Екипата на Точка во една прилика направи интервју со Баба Рада, и еве што изјави таа.

– Секогаш во емисијата зборував дека мора да се консултира лекар. Не е возможно во 21 век да не и се верува на обичната медицина, односно медицинска наука. Против сум преголемото нејзино материјализирање.

Русија е една од земјите каде што е популарна алтернативната медицина. Германија, Кина, Јапонија би ги вброила исто во земјите каде што алтернативната медицина зема еден сериозен замав.

Треба да се семе најдоброто од двете, алтернативната и ортодоксната медицина. Не сум за радикални терапии, сум читала за нив, едуцирала и не ги подржувам. Сепак, здравјето е индивидуална работа и секој сам треба да си одлучи за него.

Кога ја добив наградата на Златна Бубамара на популарноста бев навистина изненадена.

Даниел Кајмакоски исто доби Златна Бубарамара и неговата изјава беше дека е навистина изненаден и не очекувал дека на 30 и некоја година ќе добие ваква престижна награда, па тогаш што да кажам јас.

На мои години добив награда на која многу се радував. За кратко време станав популарна, но тоа не ми значи мене. Ми значат луѓето кои ги запознав и љубовта која секојдневно ја примам и давам.

Кога го промовирав првиот дел од мојата книга многу млади луѓе дојдоа за да ме гушнат. Тоа е таа љубов која мене ме исполнува и прави среќна. Имаше одредени отпори од страна на лекарите, од нивното здружение и се донесе одлука емисијата повеќе да не се емитува.

Мило ми е дека таа емисија помогна на многу луѓе, влеа надеж и верба и драго ми е поради тоа“, изјави баба Рада за Точка, а потоа за во друго интервју за Женски магазин, таа кажа:

Сите ние треба да се обраќаме кон Бога. Исто така, треба домовите да си ги искадиме со темјан и босилек.

Тие во себе имаат антисептички, антивирусни, антибактериски својства и токму горењето на босилекот и темјанот, како врвни природни аналгетици на луѓето им помогнале да можат да се спасат од тие тешки епидемии.

„Циметот, каранфилчето и мускатното оревче имаат во себе врни антибактериски и антигабични, а најважно е што имаат антипаразитни својства. Сите овие состојки се ставаат во масло, се става и лаванда, која што е врвна, рузмарин, еукалиптус, а доколку се најде и жалфија.

Сето ова се става во една тегла, а за овој рецепт може да се користат и стапчиња цимет, доколку не го сакате циметот во прав и се полева со масло.

Не мора да се стави маслиново масло, може да се користи било какво и сето тоа треба да се зоврие како кога се прави компот, завиткано во хартија, да се зоврие на тивко некои 30 минути и после да се става од ова неколку капки во вода во лончиња, а може и да се мачкате.

Не само што помага против зарази, туку ова масло ја прави кожата еластична и мека“, кажа баба Рада во ова интервју. Нејзиниот Фејсбук профил е уште активен и таа редовно комуницира со луѓето преку него.

Баба Рада на својот официјален Фејсбук профил открива доста природни рецепти кои ги има во нејзините книги, а еден од поновите е наречен еликсир за целото тело.

-Рецепт наменет за моменталните настинки и вирози проследени со респ ираторни проблеми, бо лки во мускулите, главоболки и несоница. МАКСИМАЛНО Е ЕФИКАСЕН И ЗАТОА ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА ГО СОЧУВАТЕ И СПОДЕЛИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ.

-Потребни состојки: 1 лимон, 5 каранфилчиња, 750 мл. вода, половина лажиче цимет и мед по желба. Начин на подготовка: Лимонот се става да отстои 20 минути во топла вода во која се додадени 1 лажиче сода бикарбона и 1 лажица јаболков оцет.

По 20 минути, водата се фрла, лимонот убаво се мие, се брише, му се цеди сокот, а кората му се сецка на парчиња и заедно со 5 каранфилчиња се става во 750 мл. жешка вода што врие.

Оставате да врие на тивок оган 10 минути, па чекајте да се олади. Во оладената течност ги додавате сокот од лимон, половина лажиче цимет и медот (по желба). Складирајте во тегла и потоа во фрижидер.

Овој лековит напиток може да го чувате во фрижидер до 3 дена, а потоа си правите нов. Начин на дозирање: Се пие по една шолја секоја вечер во текот на 7 дена. Се прави пауза од една недела и можете да продолжите пак.

Овој еликсир го крепи целото тело и освен што е природен антибиотик има и десетици други придобивки за Вашето здравје. Затоа го препорачувам за секој возрасен човек!“, стпи во објавата на баба Рада на Фејсбук.

Previous articleЕве што прави актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, сопругот на Росана откако замина во пензија
Next articleОвој човек многу му помогна на семејството на Атиџе, затоа Сузана Турунџиева му се заблагодари со уникатен подарок (ФОТО)