Home Live Еве што прави актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, сопругот на Росана откако замина...

Еве што прави актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, сопругот на Росана откако замина во пензија

Еден од нашите најпознати и најпечатливи актери е Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, кој е роден 1956 година во Битола. Дипломирал на ФДУ во Скопје во класата на професорот Љубиша Георгиевски, а од 1981 е во Драмскиот театар во Скопје.

Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“.

Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски, работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други.

Улогите што се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мр-товци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“ и многу други.

Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал речиси на сите позначајни театарски фестивали. Својот талент го покажал и во над 50 радиодрами, како и во 4 играни филма:

„Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ – В. Блажевски, „Војници“ – Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза, „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.

На седми мај оваа година, Росана Сариќ- Тодоровска, нашата позната пејачка, сестрата близначка на Маријана Новачевска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче прославија 33 години од свадбата.

Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката, објави Женски магазин во една прилика. Росамна и Ѓорѓи се сега баба и дедо на двајца внуци, Матео и Ноах.

„ Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви.

Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него. Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам. А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присетила Росана на почетоците од нивната љубов.

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана.

Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше. Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче.

Во јуни оваа година, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче во Драмски ја одигра последната престава и замина во пензија. Веста ја сподели неговата сопруга Росана Сариќ- Тодоровска, која објави и фотографија од претставата во неговиот матичен театар, каде што е од 1981 година.

„Ти благодарам што ме научи да го сакам театарот, ти благодарам за секојпат кога бараше совет од мене при градењето некој лик.

На тој начин и јас барем малку се чувствував како да ја исполнувам мојата неостварена актерска игра“, напиша ќерка му Ивана.

Трупче сега, откако замина во пензија, не мирува. Тој е активен во актерството, тоест подготвува театарски претстави, и тоа за најмладите. Неговото име е на плакатот на Теата Арт вени види.

Премиера на театарската претстава за деца и младинци “Новогодишни желби” во режија на Викторија Анѓушева, на 17 декември. Актерска екипа:

Дедо Мраз: Ѓорги Тодоровски -Трупче, девојчето Ели: Елизабета Клиничаревска Младеновска, Снешка: Ива Милчова Кловнот: Викторија Анѓушева, Почеток: 14 часот.

На големата сцена пред платото на Ист Гејт мол каде што започнува новодошишната приказна“, стои на страната на овој театар на Фејсбук.

Previous articleПавле Трајанов: Бугарите да го признаат македонскиот јазик, еден јазик се создава 2 илјади години, а не од 45-та наваму
Next articleБаба Рада го откри рецептот за кој вели дека го крепи целото тело (ФОТО)