Home Live Илина покажа силни љубовни емоции и го означи Џамбазов- сакам да остане...

Илина покажа силни љубовни емоции и го означи Џамбазов- сакам да остане вака (ФОТО)

Мојата приказна на искачување на 7-те врвови се разликува од онаа на повеќемина, бидејќи пола од врвовите ги искачував буквално сама, или со партнер во сопствена режија, вели Илина Арсова во интервјуто за порталот „Слободен печат“.

На самиот крај од 2019 година, планинарката, алпинистката и ликовна уметница, Илина Арсова, направи уште еден триумф, освојувајќи го врвот Винсон на Антарктикот.

Со искачувањето на овој врв, Илина го комплетираше проектот „Седумте врвови“ и успеа да искачи седум највисоки врвови на седум различни континенти – Аконкагва, Денали, Килиманџаро, Пунџак Џаја, Монт Блан и Монт Еверест.

-Во младоста како извидник, со доза на натпреварувачки дух, одевме на разни смотри и натпревари во ориентација, кога вистински почнав да ја апсорбирам и да ѝ се воодушевувам на планинската убавина.

Подоцна, веќе како дипломиран ликовен уметник – сликар, кога за прв пат се најдов на надморска височина над 4.000 метри, почна да ме маѓепсува пејзажот од разиграниот хоризонт испресечен со стрмни планини.

Одговорот, би рекла: од една страна чувството на среќа кога сум во планина, ме поттикнува почесто да го правам тоа. Од друга страна, секојпат сум била спортист и тој натпреварувачки дух се канализирал во натпревар со себеси и поместување на сопствените граници на возможното.

Оттаму и целта била поставена што повисоко на планинските врвови, до каде патот секогаш бил попречен од искушенија, кризи и разни предизвици.

Денес, можам да кажам дека планините се мојата природна средина, мојата комфор зона и место каде се чувствувам исполнето.

Едноставно, ништо не ми недостасува кога сум таму, понекојпат со денови изолирана од земските задоволства. За последното искачување на Антарктикот, се приклучив на меѓународна експедиција.

Беше речиси невозможно, како логистички, така и финансиски, да се организира самостојна експедиција на овој континент.

Така што секој еден од нас индивидуално се подготвува за подвигот. Тоа е еден вид реално шоу кога ќе стават луѓе кои не се познаваат, да живеат заедно две недели во сурови и екстремни услови.

Добро е што сите беа О.К., супер се согласувавме и функциониравме како тим. Но, мојата приказна на искачување на 7-те врвови се разликува од онаа на повеќемина, бидејќи пола од врвовите ги искачував буквално сама, или со партнер во сосптвена режија, некојпат со скии и тоа без логистичка поддршка ниту водич.

Тоа е вистинската убавина и спортско достигнување за високогорските и алпиннистички спортови“, кажала Илина за Слободен печат.

Таа е сега во САД, во Тенеси, на докторски студии, за кои рече дека добила голема поддршка од нејзиниот партнер, Игор Џабазов.

Неодамна, на Инста стори објави слика како разговара со Игор на камера и рече: Еве сме , да не не мислите. Нивниата љубов сега функционира на далечина.

Илина Арсова објавила нејзин портрет кој е направен за време на пандемијата, и за неа вели дека покажува големи и силни емоции.

ВЉУБЕНА- Оваа е направена за време на пандемијата и прикажува силни љубовни емоции. Нека остане така.

Чувствував дека додека ви покажував автопортрети на негативни емоции, дури и да не беа неодамнешни, тоа влијаеше на мојот дневен режим само со сеќавање и саморазмислување на тие моменти.

Важно е да размислувате, но и да се ослободите. Сеќавањата се врзани за емоциите и колку повеќе внимание добиваат, толку се посилни.

Некаде прочитав еден смешн мим: Кога ќе помислиш на сра-ња, сра-њата растат. Мисли на себе – растеш“, стои во овој опис на сликата, на која Илина го означила Џамбазов и ставила срце.

Previous articleОвој човек многу му помогна на семејството на Атиџе, затоа Сузана Турунџиева му се заблагодари со уникатен подарок (ФОТО)
Next articleДенеска ќе наполнеше 75 години, а ова е тешката животна приказна на Оливер Драгојевиќ