Home Live Јелена Спенџарска ја покажа мајка си со посебен повод, ептен е згодна,...

Јелена Спенџарска ја покажа мајка си со посебен повод, ептен е згодна, како да ѝ е сестра а не мајка (ФОТО)

Нашата позната и доста актуелна водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска, на својот Инстаграм профил има повеќе од 46.000 следбеници.

Во една прилика, Јелена се огласи на тема која постојано се дебатира – дали инфлуенсерството е работа.

ПРЕДРАСУДИ – Кога ќе создадеш потполно нереална и невистинита слика за мене, а мене ме ‘боли уво’ да ја менувам.

– Многу луѓе не ти даваат и нема да ти дадат никаква поддршка овде на профилот. Ќе им се допадне сè што прават Тања, Вања и Сања, ама НЕ и ТИ.

И ај тоа нема врска, туку после одреден период, без претходно никакво БРАВО или ЗДРАВО ќе им текне да ти пишаат – ‘Е, ај сподели го профилот, другарка ми изработува накит’! А, чекај, извини јас на социјална служба да не личам?

Плус, цело време се зборува во негативен контекст за инфлуенсерите, демек ништо не прават, по што се познати па тие?!?

Чисто информативно, луѓето заработуваат одлични суми на интернет, даваат откази од работа за да се занимаваат со Инстаграм, Јутјуб и слично. Ако вас нешто не ви е јасно во главата, тоа не значи дека не се случува!

Затоа нареден пат, пред да ‘исх ејтате’ некој овде, пробајте баш спротивното – да бидете барем малку љубезни и да кажете некој убав збор, никогаш не знаете кој ќе ви затреба во животот!

Ви праќам бакнежи на сите добри луѓе кои ме следите овде и кои секогаш сте поддршка и мотивација за сè што правам. И никогаш не кажавте лош збор, туку полни со добронамерни критики. Вие сте ми инспирација!“

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

-Мислам дека татко ми од секогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -‘Не, таа “професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш.

„Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема. Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна.Ништо од мојот сон да станам принцеза, изјави Спенџарска во едно претходно интервју.

„И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија.

Спенџарска, откако пред неколку дена беше во Солун кај својот (како што пишуваат многу медиуми дечко Грк кој ѝ купуваше чоколади и ја шеташе на убави места, се врати дома, во Скопје.

На едно од сторињата, познаатата водителка и инфлуенсрека објави слика од нејзиното родно Берово, каде што паднал првиот снег, а Јелена ја сподели оваа зимска идила со своите следбеници.

Потоа, објави и слика од својот нов дом, каде што се пресели пред неколку месеци, и напиша дека ѝ требало време да се среди и да го доплни домот со топлина и со убави детали и убави топли ќебиња.

Познато е дека Јелена Спенџарска потекнува од градот Берово, и таа е многу поврзана со своето семејство. По неколку одмори на различни дестинации, таа минатото лето моментов слободното време им го посвети на своите најблиски.

Имено Јелена замина „женски одмор“ со мајка си, сестра си и внуките Емона и Љубљана. Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, се гледа дека водителката и нејзината мајка навистина наликуваат една на друга.

А тоа се гледа и на новите слики кои Јелена ги објави на Фејс со посебен повод, а тоа е роденденот на нејзината мајка. Јелена објавила неколку слики од својата мајка и напишала: Среќен роденден мамо!

На сликите, личат како да се сестри а не мајка и ќерка, и убавата мама на Јелена добила доста убави зборови и честитки по повод нејзиниот посебен ден, нејзиниот роденден.

Previous articleДенеска ќе наполнеше 75 години, а ова е тешката животна приказна на Оливер Драгојевиќ
Next articleПознатата пејачка од Гостивар искрено: Не е неопходно да се живее во Скопје