Home Live Каролина откри за што најмногу жали и како се однесува кога се...

Каролина откри за што најмногу жали и како се однесува кога се кае за некоја одлука

Каролина Гочева, на својот Инста профил објави убави вести. Имено, таа ќе има и пеети концерт во Македонската Филхармонија, откако ги распродаде првите четири, заедно со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски.

– ПОСЛЕДЕН ,,ПРЕТПОЛНОЌЕН КОПНЕЖ ЗА ЉУБОВ” ЗА ОВАА ГОДИНА! ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ СО КАРОЛИНА ДУКЕ И ИСМАИЛ. ОД 22:30 ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, 25ТИ ДЕКЕМВРИ, НЕДЕЛА!

Поради екстремно брзото распродавање на првите 4 концерта, како и неверојатниот интерес за влезници кој се’ уште трае, се одлучивме да го заокружиме маратонот на концерти за 2022ра со уште еден претполноќен концерт со извонредните Каролина, Дуке и Исмаил, на 25ти декември во Македонската филхармонија со почеток во 22:30 часот.

Поради утрешниот неработен ден, влезниците за овој настан ќе бидат во продажба од петок (9ти декември) oнлајн на avalon.mk. Историјата кажува – бидете брзи! Ваша, Авалон Продукција“, стои во обавата која и Каролија ја сподели.

Во една прилила, во инрервју за Фешнел, Каролина зборуваше за своите модни комбинации и за стилот кој ја формира како личност и како пејачка:

– И јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа. Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови.

-Не сум била на модни ревии, годинава прв пат бев на скопскиот моден викенд. Искрено, кога сум во странство, многу повеќе посетувам концерти отколку модни ревии.

И се случило специјално да отпатувам некаде за да гледам некој концерт, но не и за да присуствувам на модно шоу“, изјавила Каролина.

Изминатово лето, се врати од женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. „Секое лето тие неколку дена ми се најубави.

Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажува Каролина за Реортер.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене.

-Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика.

Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажува Каролина.

Со посебна љубов зборувала за внуките Луција и Инес, оти ако вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

Првпат проговори за разделбата на родителите. Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „ Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми.

Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата.

Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

Во брак е со Михаил 5 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати.

Открила и дека добро се снаоѓа и во кујната и сека готви секој ден. „Не ме држи многу со муабет во студиото, морам да одам ручек да правам“, на шега вели Каролина

За тоа дали и колку ја погодуваат лошите коментари, вели: „Најзл обните коментари ги пишуваат жени што на профилната фотографија се со внуци или цвеќе. Не знам што ги тера да бидат такви, веројатно тоа ги исполнува“, искрена е Каролина.

Во една прилика во Женски кагазин ја прашале: Како обично ги носиш важните одлуки, ти треба ли многу време да пресечеш, со кого најчесто се советуваш кога си на раскрсница што да направиш?

-Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.

Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам. Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја.

-Има ли нешто во животот за што жалиш дека не си направила, и нешто за коешто се каеш дека си го направила-  било следното прашање:

-Има колку сакаш – и од едното и од другото. Но, не вреди човек да размислува каде погрешил во момент кој сега е изминат, кога не може да се врати назад во времето. Мислам дека е важно да се размисли што можеш да научиш од една ситуација која не се одиграла како што си замислил.

Обично, кога ќе ми се случи нешто кое не ми е по волја, било да е по моја вина или не, знам да си кажам онака повеќе за себе “па којзнае зошто е ова добро” и после некое време навистина и ми се докажува дека и подобро што така“, рекла Каролина.

Previous articleТолку од „Мерак меана“? Трајче мајка и компанија се одјавија (ФОТО)
Next articleПоследниве години, до болка ми недостасува- се отвори новинарката Каролина Петковска за големата загуба