Home Live Лејла Рамковска ѝ помогна на Снеже Велков да го оствари својот сон,...

Лејла Рамковска ѝ помогна на Снеже Велков да го оствари својот сон, веруваше во неа и кога таа самата не веруваше во себе (ФОТО)

Снеже е еден од најпозитивните ликови во нашата јавност. Таа е во моментов телевизиски активна со емисијата „Нешто конкретно“, но и кога не беше активна наТВ беше популарна на социјалните мрежи, што е интересен феномен.

Со хаштагот БлескАј ги мотивира оние што го следат нејзиниот динамичен ден кој започнува во шест наутро. Мајка е на два сина, и веќе 17 години вљубена во Дарко Велков, според многу нешта различен од неа.

Инстаграмот за Снеже постои за нејзините цели и идеи и не ѝ е извор на заработка, туку задоволство. За сите свои животни задоволства, од љубовната приказна со сопругот, синовите, работата во семејната фирма, готвењето, Снеже зборуваше во Женски магазин.

Дваесеттите си постојат за да бидат токму тоа дваесетти, тогаш можеш да лудуваш, да правиш грешки, да експериментираш, да носиш одлуки за кои и да сносиш последици нешто многу не си засегнат.

Слободен си да си тераш по свое а и да згрешиш имаш доволно време да ги поправиш нештата.

Во четириесетите пак си имаш одговорности, возраст кога не бива да се однесуваш детски, имаш знаење кое те ограничува да правиш глупости и доволно искуство да не мора да експериментираш.

Од друга страна веќе си изградил некоја слика за себе во околината и добро би било да се држиш до неа или да ја надоградуваш, не бива да се руши.

А ако зборуваме за енергијата ја имам за тоа што мене ми одговара, не си ја расфрлам на неважни работи како порано. Чувам и живци и енергија само за работи кои навистина вредат.

Можеби сè уште се двоумам во тоа што точно сакам ама знам точно што не сакам!

Мојот профил постои за мои цели и идеи.Тука си ја споделувам креативноста, пишуваниот збор, прочитаните книги, рецепти, моите начини на себемотивација и вежбање, со надеж дека тргнувајќи од себе некому можам да му бидам мотивација или инспирација.

Комуницирам со оние кои ме следат, со пријателите и колегите. Инстаграмот ми е задоволство пред сè, мое место за мои приказни, да кажам нешто јасно и гласно а да си бидам свое на своето.

Не ми е извор на заработка а верувам дека е одличен начин за да се стигне до приходи“, кажа таа за својот Инстаграм профил.

-Ален има 16 години и е втора година средно. Дарин има 11 години и е шесто одление. Не би рекла дека сум строга да поставувавм услови и правила, забрани и казни. Сопругот тука повеќе е задолжен за почитување на редот и законот во куќата.

Јас имам еден систем кој вика – ги терам сами да донесат одлуки, и сами да бидат свесни за последиците од истите. Од типот ако само наутро се успиеш сам си ги носиш последиците од тоа што ќе задоцниш, не оправдувам јас кај класниот, сам ќе си кажеш (па тука проработува па срам ми е па незгодно..)

Исто доколку замолам нешто да ми помогнат, а тоа не го сторат, само потсетувам дека следниот пат кога нешто ќе побараат од мене да бидат свесни дека нема да се оствари.

Зборувам постојано, потсетувам, не критикувам туку ги терам да бидат подобри и најважно, да знаат да почитуваат. Не сум им другарка и не сакам така да се поставам, јас сум мајка и треба да имаат доверба во мене како мајка, другарите се нешто друго…“, кажа таа за своето семејство.

Големиот син повеќе е поврзан со татко му и сега тој му е водич низ машкиот свет. Си имаат машки муабети и теми за кои јас сум запознаена ама деталите се резервирани за татко му. И ги оставам да биде така.

Снеже Велков на Интаграм објави мотивирачки пост, поврзан со Лејла Рамковска, која е нејзин голем мотиватор, а во постот Снеже точно објаснува за што станува збор, но и со сликите на кои е и Лејла.

-За да успееш треба поддршка! Ама не секаква и не од секого. Само вистинската поддршка ќе те натера да успееш. Како ќе ја препознаеш? Таа поддршка не кажува празни зборови, не вика ајде бе лесно е, не вика ајде де де од што се плашиш ,не го повишува тонот и не те кара.

Таа поддршка те разбира, слуша, набљудува и најбитно верува во тебе и тогаш кога ти сам не веруваш. Запомни и препознај вистинска поддршка.

-Битно е. Потребно е. Важно е. И пресудно е за успех. Моето прво стоење на глава. Благодарение на Вистинската поддршка од Лејла Рамковска“, напиша Снеже.

Инаку Лејла Рамовска е со години позната јога инструкторка.

И Снеже решила да оди кај Лејла на јога, а резултатите се очигледни. Лејла во видеото кое го објави Снеже прво ја придржува Снеже, а потоа таа самата стои на глава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Previous articleУживаше во оваа егзотика- Јасмина Мукаетова, фолк- барбиката од Кавадарци парите ги троши на луксузни патувања
Next articleКатарина ги гледа коите деца како да се свои, а сакам да имам и деца со неа- Дарко Лазиќ е убеден дека конечно ја нашол вистинската