Home Live Дамјан Стојаноски ја облече оваа маица и им го направи ќеифот на...

Дамјан Стојаноски ја облече оваа маица и им го направи ќеифот на Македонците среде Австралија (ФОТО)

Дамјан Стојаноски е веќе стана докажано име на македонската фолк естрада, и бележи значајни успеси, со многубројни настапи и е се по популарен меѓу љубителите на фолк музиката.

Засега, најмногу го препознаваат по песната „Тешко мина докторе„ која што е вистински мега-хит. Деновиве, тој ќе ја остварува својата турнеја меѓу нашинците во Австралија заедно со братучедите Златко и Влатко Миладиновски.

Кон крајот на 2017 година Дамјан имаше први самостојни настапи во Австралија и конкретно во Мелбурн, каде што беше на покана на менаџерката Лидија Нешковски.

Со радост доаѓам во Австралија, како и првиот пат, ама тогаш ми беше голема неизвесноста, а сега веќе точно знам каде доаѓам- меѓу наши луѓе кои навистина ја сакаат и ја чувствуваат македонската песна.

Освен тоа, таму стекнав и многу пријатели и мило ми е што повторно ќе ги видам. Организаторите ни велат дека е голема заинтересираноста за нашите настапи, а јас сум сигурен дека нема да ги изневериме.

Јас, Влатко и Златко ќе го дадеме својот максимум, ќе направиме убави забави кои ќе се паметат. Овој пат ќе имам можност да се претставам и пред публиката во повеќе градови.

Се надевам дека и таму ќе бидам добро прифатен и дека ќе стекнам нови пријатели, што посебно ме радува“, изјави Дамјан во едно претходно интервју за MACONEWS.org

-Секогаш кога се споменува вашето име, неизбежно е да се споменеме и името на вашиот татко-Војо Стојаноски кој остави длабока трага во македонската народна музика.

Зацртан ли е вашиот пат по патеката што тој ја обележа?“, го прашале потоа Дамјан, а тој рекол: Секако. Влијанието што тој го имаше врз мене и како пејач, но и како татко, пријател и мој ментор е длабоко вкоренето.

Јас ќе продолжам да создавам и да пеам песни во духот на македонскиот мелос затоа што сум убеден дека имаме прекрасна музика која што секогаш може да биде инспирација за создавање на ново творештво, надградено, можеби и со посовремени ноти, но, сепак, во духот на македонскиот фолклор.

Целосно ќе и се посветам на музиката затоа што живеам за неа и таа е моја професија и моја љубов.

Освен што секогаш имам во план создавање на нови песни, како мои, така и во соработка со други автори, веќе извесно време најавувам дека имам желба да препеам и некои песни од татко ми што мене ми се допаѓаат.

Тие од разни причини останале не доволно забележани. Ете, планирам и би сакал да успеам да ги заживеам.

Сепак, создавањето музика е тимска работа и ништо не оди така брзо како што би сакал јас оти многу често треба да се вклопат коцките за да се дојде до добар финален производ.

Дамјан на Фејсбук се пофали дека тој и неговиот братучед Златко Миладиновски, биле на посета на фудбалскиот клуб Preston Lions, и таму се сликале со членовите на тимот, на терен.

Од клубот, на Влатко и на Дамјан им подариле дресови со сонцето со сонцето од Кутлеш, а на маицата која на носи Дамјан на една слика пишува Македонија обединета. Овие слики предизвикаа доста позитивни коментари на социјалните мрежи.

Previous articleКатарина ги гледа коите деца како да се свои, а сакам да имам и деца со неа- Дарко Лазиќ е убеден дека конечно ја нашол вистинската
Next articleД-р Нико Беќаровски со одговор до германската амбасадорка која на граѓаните им порача да не им ставаат пари во мантилите на докторите