Home Live Овој човек многу му помогна на семејството на Атиџе, затоа Сузана Турунџиева...

Овој човек многу му помогна на семејството на Атиџе, затоа Сузана Турунџиева му се заблагодари со уникатен подарок (ФОТО)

Познато е дека Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија, и јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува какод да ја знае цел живот.

Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, но таа докажа и дека сака да ги исполни желбите на нејзините ученици од ОУ „Гоце Делчев“ каде што предава музичко.

Таа и Атиџе снимија песна која ја раскажува нивната заедничка судбина. За ова, Турунџиева зборуваше со Женски магазин.

– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио.

Но, за мене таа слушна подоцна од луѓето во Дорфулија, кои биле воодушевени од мојот гест, дека сепак и покрај сите околности и неможност лесно да стигнеш до Беќирлија, покрај сите пречки сум успеала да стигнам до кај неа заедно со малолетно дете со ранецот на грб.

Од денот кога се запознавме, силно се гушнавме, запеавме и не престанавме да комуницираме. Ништо не си ветивме, ама нема ден да не се слушнеме и да не разговараме за секоја нејзина желба, потреба или немир кој таа и брат ѝ го имаа“, рече таа.

Еден од плановите на Сузе беше на Атиџе да ѝ обезбеди пензија со која ќе може пристојно да живее, но и да ја вклучи во Синдикатот на Земјоделците.

Атиџе Муратова, која целата јавност ја засака откако на светот му ја пренесе пораката „Пола за нас, пола за пчелите“ од документарецот „Медена земја“, изминативе месеци имала сериозна повреда на коленото.

Сузана Турунџиева, нејзината добра пријателка вели дека Атиџе сега е добра, но поминала многу тежок период, најмногу поради тоа што не можела да им се посвети на пчелите.

– Не е нешто со што треба да се фалам, и немаше ни да споделам ништо, ама многу ми беше криво бидејќи жената непотребно изгуби 2 месеци“, рекла Турунџиева за Женски магазин.

-Нејзе од ден на ден ѝ се влошуваше состојбата и се повеќе и отекуваше, а болките беа неиздржливи, а таа не можеше сама да оди ниту до тоалет, а камо ли до продавница.

Најголем немир и тага и предизвикуваше фактот што не може да оди кај пчелите, и тоа токму во период кога се’ насекаде беше расцветано, а сите знаеме нели дека ако пчелите не ги опрашат цвеќињата и дрвцата додека се во полн цвет, лошо ни се пишува нам на луѓето.

Благодарение на добрата волја и брзата интервенција на др.Тофоски, веднаш ни закажаа преглед на клиниката за ортопедија кај др.Трајановски, каде ѝ одредија точна дијагностика и терапија благодарение на која сега ѝ е многу подобро“, вели Сузана.

Претходно, Турунџиева помогнала на братот на Атиџе, Феим. Таа, заедно до медената и брат ѝ се фотографирани пред приватна ординација која му помогнала на братот на медената да си го врати видот, да може да живее нормално.

„- Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – беа зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата која денеска му ја направи др.Наум Трпеноски, при која повторно му го вклучи светлото и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен…

Огромна благодарност до др.Трпеноски и целиот тим на Промедика Офталмологија затоа што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“, напиша Сузана до објавата.

Познатиот очен хирург Наум Трпеноски е доста хуман човек. Во септември оваа година, тој извршил опер ација на две очи кај жена-бегалец од Украина. Тоа што е за поздравување, Трпеноски го направил овој зафат бесплатно, иако луѓето биле подготвени да си платат за медицинскиот третман.

„Жената дојде сама, заедно со преведувачка. Имаше сериозен проблем на двете очи, видот и беше само 10 отсто функционален. Не смееше да се чека повеќе затоа што ситуацијата ќе се искомплицираше“, објасни Трпеноски за „Фокус“.

Сега, како уште една благодарност за овој доктор, Сузана му подарила уникатно нешто, а тое се нејзините рачно изработени- цртани камења со разни мотиви, кои во последно време ги продава и ги подарува.

– Подарок од срце, изработен од специјално донесени камчиња од неговата родна Струга, за еден од малкуте Виртуози во медицината – д-р Наум Трпеновски, напишала Сузе до оваа објава.

Previous articleБаба Рада го откри рецептот за кој вели дека го крепи целото тело (ФОТО)
Next articleИлина покажа силни љубовни емоции и го означи Џамбазов- сакам да остане вака (ФОТО)