Home News Павле Трајанов: Бугарите да го признаат македонскиот јазик, еден јазик се создава...

Павле Трајанов: Бугарите да го признаат македонскиот јазик, еден јазик се создава 2 илјади години, а не од 45-та наваму

Вчера, позитивни реакции во јавноста, предизвика твитот на новата американска амбасадорка во земјава, Ангела Агелер. Таа меѓу другото, напиша дека мора да се подигне нивото на судтсвото на повисоко ниво и дека никој не смее да биде над законот.

Таа исто така наведе дека американски истражителски тимови, кои треба да помогнат во оваа насока, се веќе во земјава.

Подоцна во денот, Агелер во интервју на ТВ Сител, ги дообјасни нејзините ставови.

Амбасадорката потсети дека корупција не е само поткупот, туку таа се јавува во многу форми.

– Како што патувам низ земјава и зборувам со обични луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога работат, секогаш кога нивното дете треба да се запише во некое училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакат да останат, рече Агелер.

Синоќа во дебата на Сител телевизија, на оваа тема зборуваа лидерите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Стевчо Јакимовски рече дека не се согласува со кампањско дејствување во решавањето на корупцијата, туку дека треба ние самите системски да работиме на овој проблем.

Павле Трајанов пак, ја поддржа американската иницијатива и напомена дека и тој подготвувал закон, кој би помогнал во оваа насока.

Павле Трајанов во синоќешното гостување во емисијата Само вистина, рече дека владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ го кочат Законот за една изборна единица.

-Законот за една изборна единица го кочи претседателот на парламентот односно СДСМ и ДУИ. Не сакаат да има една изборна единица, не сакаат да има промена на власта, вели тој.

Трајанов додаде дека има информации и за пописот, но претседателот на собранието не ја отвора седницата за дискусија на пописот, кој беше спорен.

Трајанов на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав, без реципроцитет од бугарска страна, рече дека нема да поддржи и со тоа практично нема да гласа.

-Бугарите треба за почеток да го признаат македонскиот јазик, како посебен од бугарскиот. Еден јазик се создава со говорење од 2-3 илјади години!

Тој не е модифициран бугарски јазик од 45-та, како што велат Бугарите и тие треба тоа да го признаат како факт, рече Павле Трајанов синоќа на „Само вистина на Канал 5 телевизија.

Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleЛепа Лукиќ проговори на што ги потрошила сите пари и дали некогаш ја „изгорела“ љубовта
Next articleЕве што прави актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, сопругот на Росана откако замина во пензија