Home Live Познатата пејачка од Гостивар искрено: Не е неопходно да се живее во...

Познатата пејачка од Гостивар искрено: Не е неопходно да се живее во Скопје

Пејачката Ружица Милошеска Бричоска, или едноставно Ружица Ареа е препознатлив лик на нашата рок сцена речиси три децении.

Вокалистката на бендот чии песни сеуште траат и се пренесуваат од генерација на генерација сеуште зрачи со истата харизма и им пркоси на годините, објави Фокус во една прилика.

-Приказната на Ареа започна со самиот спој меѓу Ружица и Ивица (некои не нарекуваа Ивица и Марица), ха,ха.

Поточно Ареа се формира и започна да функционира во 1991 година со создавањето на првите 3 авторски песни и пријавувањето на Поп-рок фест ’92 каде што, неочекувано за нас, победивме и во 1992 година во МРТВ го снимивме дебитантскиот албум “Случајно тука“.

Во бендот тогаш бевме јас, Ивица, Чеде, Горан и Душко. После 26 години сме во истиот состав, со таа разлика што наместо Душко на тапани сега е Владо.

Колку што се сеќавам немавме баш некои очекувања за голема популарност, туку само имавме сон да настапуваме и тој сон го следевме.

Во тој период го издадовме вториот албум „Врати на имагинација“ под капата на Авалон Продукција, со најголемиот хит „Сите мои слики“ и тоа беше веќе поинаков начин на функционирање.

Бевме позрели и бевме водени од добра продукциска куќа која ја насети можноста за успех и вистински ја организираше целата работа околу издавањето и промовирање на албумот и настапите.

Етикетата на една од најпопуларните рок групи ни носеше задоволство и поттик за работа, а од друга страна одговорност за понатаму, во смисла на квалитетот на музиката која ја создававме.

Универзална сала сме ја наполниле 3 пати, еднаш во 2000-та, а потоа два пати на unplugged концерите во 2010-та година. Но, исто така битно е да се спомне дека два пати сме го наполниле и Скопскиот саем и тоа првиот пат (2000-та година) беше буквално преполнет и надвор останаа луѓе кои имаа влезници, а не можеа да влезат.

Сите овие концерти, а и многу други беа во организација на Авалон Продукција.

Секако дека посакуваме повторно да одржиме голем концерт во Скопје, но сепак за тоа треба да се создадат услови, пред се Ареа е потребно да издаде нов материјал.

Никогаш не сме кревале прашина околу некакво големо враќање иако после издавањето на секој албум имало паузи некогаш и повеќе годишни. Оставаме делото да посведочи за тоа.

Од друга страна никогаш не знаеш дали некоја песна ќе биде хит и дали воопшто ќе имаш хит. Потребно е да се состават повеќе коцкички за такво нешто. А за тоа сметам дека не сме доволно паметни.

По мене, конците ги води некој „одозгора“ или со други зборови ние спремаме песни, а што ќе биде само Бог знае“, изјави Ружица во интервју за Фокус.

Како што е познато, Ружица му е сопруга на Ивица Брчиоски, кој е член во истата група како и таа, всушност тие се едно и на сцената и дома. Во Женски маагзин, таа зборуваше за својот партнер.

– И лесно и тешко е да се биде партнер и дома и на работа (на сцената), предобро се знаеме, си ги знаеме и позитивните и негативните страни, така што има периоди во кои сме добро усогласени и партнерството дома е корисно за работата во бендот.

Но има периоди кога се судираме, креативно или било како, кога секој сака да ја наметне својата идеја, својот став. Е, тогаш во пресметките се користат слабостите на другиот како оружје (се смее).

-Не е неопходно да се живее во метрополата, иако во Скопје се најголемиот дел од културните случувања, таму се контактите со колегите музичари, но сепак Гостивар и не е многу оддалечен од Скопје и по потреба патуваме на релација Гостивар – Скопје.

Со работава што ја работиме, со Ареа и не сум сигурна дека има предности да не се живее во Скопје, но ете ние сме останале во Гостивар, заради работа, заради тоа што скоро сите во бендот сме гостиварчани“, рекла Ружица во ова интервју.

Но, добро е што брзо се враќаме и за конфликтите наоѓаме решенија. И така растеме“, изјавила Ружица. Инаку, таа работи како инжинер во ЕЛЕМ,и во ова интервју искрено кажа како да се живее со две професии.

– Порано се чувствував растргнато меѓу двете професии поради тоа што требаше, од една страна да бидам јавна личност и да живеам „ рокерски “ живот, да патувам, да бидам час ваму, час таму, а од друга страна да бидам редовна, стабилна и одговорна на моето работно место како инженер.

Но, со текот на времето научив да ги избалансирам обврските и сега сфаќам дека редовниот работен однос како инженер всушност ми помогна да останам приземна, да сфатам дека, да бидеш „ѕвезда“ цело време всушност и не е баш најдобро за менталното здравје“, изјави Ружица.

Previous articleЈелена Спенџарска ја покажа мајка си со посебен повод, ептен е згодна, како да ѝ е сестра а не мајка (ФОТО)
Next articleУживаше во оваа егзотика- Јасмина Мукаетова, фолк- барбиката од Кавадарци парите ги троши на луксузни патувања