Home Live Толку од „Мерак меана“? Трајче мајка и компанија се одјавија (ФОТО)

Толку од „Мерак меана“? Трајче мајка и компанија се одјавија (ФОТО)

Сања или попозната како Сани Гроздановска е една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки на фолк сцената. Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“, и не само неа.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа, а водител е Траче Толевски, познат по прекарот Мајка.

Познатиот текстописец Борче Нечовски, кој напиша многу познати метраклиски песни, а меѓу нив е и „Не кани ме“ на Миле Кузмановски, гостуваше во емисијата „Магазин“, на ТВ Сител.

Нечовски сосема отворено зборуваше каква е состојбата во музиката кај нас, за свадбите, за настапите, а ја „чепна“ и популарната емисија „Мерак меана“. Зборуваше и за тоа дека оди во познатите продукции “Гранд“ и “Пајнер“, за да види каква е состојбата таму, кај нашите соседи од Бугарија и од Србија.

-Сработев неколку песни со некои пријатели, соработници, за којшто мислам дека ќе најдат место понатаму во етерот.

Но, сепак ќе речам дека не сум задоволен од бројот на работата, од бројот на песните, како и всушност сите. Гледате, не се случува ништо, не се твори.

И вие медиумите, според мене, не ги промовирате доволно македонските песни, ама да се надеваме дека ќе биде подобро“, рече Нечовски.

-Критиката е добронамерна, вашата телевивизија е лидер со промовирање на македонската песна со емисијата „Мерак меана“, но повеќе би сакал критиката да ја слушнат другите телевизии, и радија“, истакна Нечовски.

Тој рече дека ја имал таа среќа од самите почетоци да соработува со Наум Петрески и со Есма Реџепова, но и со многу други врвни пејачи.

„Сум соработувал со Цакана, со Преслава од Бугарија. Но, македонската песна заслужува да биде претставена на повисоко ниво“, додаде тој.

Нечовски ја искоментира состојбата во музиката кај нас и одговори на прашањето на кое ниво е естрадата.

-Ние не сме на ниво за пофалба. Ми недостасува професионализам, премногу импровизации имаме, авторски сме многу боси, за разлика од регионот.

Да не зборуваме за Србија, Грција, Бугарија не ме интересира, не го почитувам тој пазар, се заснева на сосема друго.

Ние сме точно таму каде што треба да бидеме, а тоа е никаде. Нашата естрада е на многу ниско ниво. Немаме ниту една продуцентска куќа. Ние немаме среденост во нашата држава за да се знае, лиценцирани пејачи, лиценцирани групи за да пеат или да настапуваат било каде, мораш да имаш лиценца.

Тој систем кај нас не постои. Кај нас се уште постои системот, лична покана на свадба, лична покана на кршетвка, лична покана на вечерна свирка, кеш и тие работи. Затоа, постои во светот систем, и оваа држава мора да го направи тој систем.

Пазарот си изискува квалитет. Квалиетот ќе биде добро платен, неквалитетот недобро, и ќе има градација. Штом нема градација, кај нас е и првата и втората, и третата и четвртата во едно купче. Истото се случува и во „Мерак меана“.

Секаде се случува истото, и прва и четврта лига на едно купче. Тоа никаде го нема, само овде. Пријателска база. А, пријател ми е Борче, па нема проблем…Извинете што вака звучам, но ова е правата слика“, рече Нечовски.

-Јас шетам одам често во Гранд, одам и во Пајнер, тие се куќи со многу големи буџети, со многу големи идеи и веќе го поставиле темелот, и сега градат: први, втори, трети спрат… Ние немаме темел, е на тоа дереџе сме“.

На Фејсбук профилот на Трајче Толевски се похави објава од Влатко Горгиев, кој е музчар во Марак меана, и тој се одјави од дружбата со гледачите на овој начин. Објави слики од последното снимање, означи неколку пријатели и напиша:

– Успешно завршена емисија… МЕРАК МЕАНА !!! Поздрав од оваа прекрасна екипа! Наскоро ќе може да гледате и на вашите ТВ екрани“, стои во оваа објаба. Секако, се надеваме дека ова значи крај на оваа сезона на „Мерак меана“, а не целосен крај.

И дека ќе имаме уште многу емисии да гледаме од ова популарно мераклиско шоу, кои народот го сака и со нетрпение го очекува, секој викенд на телевизија Сител, веќе со години.

Previous articleД-р Нико Беќаровски со одговор до германската амбасадорка која на граѓаните им порача да не им ставаат пари во мантилите на докторите
Next articleКаролина откри за што најмногу жали и како се однесува кога се кае за некоја одлука