Home Live Уживаше во оваа егзотика- Јасмина Мукаетова, фолк- барбиката од Кавадарци парите ги...

Уживаше во оваа егзотика- Јасмина Мукаетова, фолк- барбиката од Кавадарци парите ги троши на луксузни патувања

Јасмина Мукаетова, нашата фолк пејачка, кога беше активна во музиката и се трудеше максимално и професионално да биде посветена на своите настапи, снимени песни и остварени проекти.

На покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, била ангажирана да пее за новогодишните празници. На еден од настапите се појавил тој. Потекнувале од исто место и се познавале речиси цел живот.

Нивните погледи им се пресретнале на половина пат. Дружењето постепано се претворило во љубов. Се вратила во Македонија, продолжила со своите обврски,но мислите ѝ биле далеку.

По две години, во 2008 година, решила да патува само во еден правец.

Се венчале во куќата на цвеќето во Лас Вегас“, објави Женски магазин за оваа наша убава пејачка која инаку потекнува од Кавадарци.

Јасмина Мукаетова (40) денеска е среќна и успешна жена, со две дипломи и семеен бизнис. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје.

Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University. Мајка е на два сина, Диме и Зуко.

– Местото на живеење е само географска одредница, а животот во него е лична креација на содржини, детерминирани од персоналните одлуки, избори и афинитети.. Домот е таму каде што сме среќни и исполнети, а јас во изминатите 15 години живеам во државата Њу Џерси.

Ми се допаѓа тоа што климата е многу слична со македонската, со исклучок на зголемента влажност во топлите месеци, така што од тојаспект на почетокот немав проблем со прилагодувањето.

Локацијата на местото каде што живеам е 30км до Њу Јорк, и убаво е чувството да се биде блиску до центарот на светските случувања. Работиме со транспортна логистика, со покриеност на 50 држави.

За мене беше предизвик да се инволвирам во сосема различна гранка. Бев љубопитна, амбициозно постапив во усвојувањето на знаењата и вештините и кога работата стана задовоство и пасија, тогаш знаев дека мојата дефинитивна определба е конечна.

Со текот на годините се усовршував и вложував напор за континуирано надградување и прогрес во работата.

Неодамна ја комплетирав едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University.

Не е едноставно да се каже крај, во момент кога многу абициозно тежнеев кон пикот на мојата кариера. Беше момент на тешка одлука, да се затвори вратата на еден многу динамичен и возбудлив живот и да се започне сѐ од почеток,во сосема нова средина.

Се радувам што целокупната транзиција се одвиваше постепено,без поголеми турбуленции и препреки на патот.Додека бев активна со музиката, се трудев максимално професионално да бидам посветена на сите настапи, снимени песни и остварени проекти, сепак тоа ќе остане засекогаш во моето резиме.

Во Америка, часовите, деновите, неделите, па и месеците, на поголемиот процент од населението се прецизно организирани и исполнети со предвидени соджини.

Истото се аплицира и на мојот распоред со дневни активности, кои преку неделата се речиси секојдневно, идентично структурани, од подготовка на децата за на училиште, до моите работни задачи, разнесување на спортски тренинзи и денот е поминат..

Многу брзање, трка со времето,возењево различни правци за да се постигне сѐ“. изјавила Јасмина. Во Црно вбело пак, таа раскажала за едно свое многу егзотично патување на кое била.

Туркс и Кајкос е преубав тропски остров кој се наоѓа на Карипскиот архипелаг, лоциран многу блиску до Мајами и Доминикаската Република, раскажа во една прилика за crnobelo.com Јасмина.

Таа ги сподели соте детали за патувањето на ова егзотично место, кое сигурно дека неа и семејството ги чинело доста, но сепак уживале во времето поминато таму.

Тоа е многу атрактивна туристичка дестинација, каде што сезоната трае цела година, поради извонредната температура од просечни 24 Целзиусови степени во текот на зимскиот период и 28 Целзиусови степени во текот на летото.

Островот е многу мал, има само само 31.000 жители, а годишно доаѓаат околу 1.5 милиони туристи, да уживаат во убавините кои природата несебично ги подарила на тоа место.

Песокот има блескава бела боја, а водата е кристално чиста, дури нерално провидна“, рела Јасмина, а потоа добила прашање: Колку чини патот дотаму од САД?

-Одговорот е многу релативен, и пред сè зависи од личните преференции. За време на празниците и викендите кога има голема заинтересираност за патување и кога се неработните денови, тогаш цените се највисоки.

Исто така многу зависи и од можноста за планирање однапред. Доколку патувањата се купени барем неколку месеци однапред, тогаш, постои веројатност за нешто пониски цени, ама конкретно за Туркс и Кајкос, варијантите се многу минимални“, изјавила Јасмина.

Previous articleПознатата пејачка од Гостивар искрено: Не е неопходно да се живее во Скопје
Next articleЛејла Рамковска ѝ помогна на Снеже Велков да го оствари својот сон, веруваше во неа и кога таа самата не веруваше во себе (ФОТО)