Home Uncategorized Како да претчувствувал – Амди Бајрам раскажа како стигнал од нула до...

Како да претчувствувал – Амди Бајрам раскажа како стигнал од нула до кула и што планирал да направи доколку е здрав и жив (ВИДЕО)

На 24 октомври 2020 година, се упокои поранешниот пратеник  и лидер на Сојузот на Ромите Амди Бајрам.

Амди Бајрам имаше 64 години. Бајрам страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што една година претходно, му беше ампутирана едната нога.

На 17 октомври истата година, само една недела пред да се упокои, Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за внуката со над 200 гости од Македонија.

Инаку, во минатото, познати се веселбите кои ги правеше Амди Бајрам и кои се прераскажуваат, не само за свадбите на своите деца и внуци, туку и традиционалниот ромски бал, на кој секогаш присуствуваа видни личности од јавниот живот.

Амди Бајрам, за себе велеше дека е „познат како кока-кола, која сите ја пијат“. Тој беше основач на Сојузот на Ромите и нејзин претседател од 1996 година.

Од 1994 беше пратеник во Собранието, прво како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), за до крајот на мандатот да остане независен пратеник.

Од 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а остана запаметен по изјавата кога на парламентарните избори во 1998 рече дека ќе победи премиерот Бранко Црвенковски со „102,3 %“.

Потоа, Амди Бајрам влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која траеше до 2017 година.

Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.

Амди е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.

-Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов.

Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање. Чекам да ми заздрави ра ната, па потоа ќе ставам протеза.

Знам дека нема да биде лесно, ќе се учам повторно да чекорам, ама отсекогаш сум бил борец, за мене предавањето не е опција. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се враќам на политиката.

Останувам претседател на Сојузот на Ромите, моето место е таму, ова е само една епизода од животот – рече пратеникот во една прилика за „Фокус.мк“.

Изјавите на Амди Бајрам се легендарни и се прераскажуваат. Едно од интервјуата кои останаа запаметени е и она од 2019 година, во емисијата Еден на еден, кај познатиот водител Жаре.

Таму Амди Бајрам раскажува како стигнал „од нула до кула“, но открива и дека за неговиот живот се пишува книга.

-Се пишува книга за мојот живот, стигната е до 700 и некој страница. Во исто време, градам храм со 33 минариња.

Не знаеме што ни носи животот, но планирам, како оди книгата, така да оди и изградбата на највисокото минаре, кое треба да оди до 33 метри. Тоа ми остана како ненаправено, рече Бајрам.

-Желбите се едно, но она што животот го носи е сосема друго. Доколку сум здрав и жив, ќе го завршам овој храм, рече во таа прилика Амди Бајрам, кој впрочем, изнесе една голема вистина, дека ние можеме да планираме што сакаме, но на крајот, она што Бог го замислил, тоа и ќе биде.

Погледнете го исечокот од ова интересно видео, ТУКА

Previous articleТагата ја компензирав со храна- водителката Ели Танаскоска откри за својата животна болка
Next articleТоше Зафиров пред малку се оглаcи од Лас Вегас: Понудено ми е да cтанам Холивудски актер – еве што е условот