Home Live Тоше Зафиров пред малку се оглаcи од Лас Вегас: Понудено ми е...

Тоше Зафиров пред малку се оглаcи од Лас Вегас: Понудено ми е да cтанам Холивудски актер – еве што е условот

Тоше Зафиров е еден од најпознатите спортисти, кои ја претставуваат Македонија надвор од границите.

Тој е лиценциран со ИБФФ, највисокото ниво во овој спорт и редовно учествува на натпревари во странство, особено во Соединетите Американски држави, каде овој спорт е дел и од шоу бизнисот.

Тоше Зафиров е сопственик на боди билдинг центар во Македонија, а во минатото беше познат како член на обезбедувањето на поранешниот премиер на државата.

Зафиров, освен за темите од спортот, често знае да проговори и за други опшптествени настани, а неговите статуси се поддржани од голем број негови следбеници, но и од останатите, бидејќи се засноваат на традиционалните вредности.

Особено беше впечатлив неговиот статус, кога македонската преставничка на евровизија, Андреа, го фрли македонското знаме:

„Да го фрлиш вака Македонското знаме ,да си ја понижиш сопствената држава , да искажиш вакво непочитување едноставно не заслужуваш да ја претставуваш држвата.

Сум излегол безброј пати на бина со Македонско знам секогаш сум внимавал како и каде ќе го оставам ,секогаш ќе го бакнев Македонското знаме па ќе го оставев како што доликува на знаме за кое што згаснале многу животи.

ЗА МЕНЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е СВЕТО НЕШТО. ДО КОГА САМИТЕ ЌЕ СИ ЈА ГАЗИМЕ СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА ,СОПСТВЕНОТО ЗНАМЕ!

Била млада,  погрешила,несвесно, НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАШЕТО СВЕТО ЗНАМЕ“, напиша тогаш Тоше Зафиров на својот профил на социјалните мрежи.

Денес, Тоше Зафиров, ги израдува своите фанови, роднини и пријатели, со вест од Лас Вегас – Невада, Соединетите Американски држави. На добар пат ли е познатиот спортист, да стане Холивудски актер?

„Случајна средба со еден од најдобрите глумци во Америка Steve Austin при што заедно снимавме интересно шоу на кое што после снимањето ми беше предложено од неговиот менаџерски тим да учествувам во неговиот следен филм.

Потпишавме предоговор на кој што има неколку услови кои што морам да ги исполнам(течно познавање на нивниот јазик и сл ).

Се надевам наскоро Македонија ќе има на некој со кој што ќе може да се гордее на големите филмски платна“.

Ова го напиша Тоше Зафиров, на својот профил на социјалните мрежи, а останува да видфиме дали неговата желба ќе се оствари.

Previous articleКако да претчувствувал – Амди Бајрам раскажа како стигнал од нула до кула и што планирал да направи доколку е здрав и жив (ВИДЕО)
Next articleАнастасија Ражнатовиќ е во кавга со семејството на нејзиниот дечко, вмешана е и Цеца