Home Live Вешто го криеше, а сега откри колку време се заедно – Спенџарска...

Вешто го криеше, а сега откри колку време се заедно – Спенџарска слави годишнина со дечкото (ФОТО)

Повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Јелена Спенџарска е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.

Пред 2 години таа забележала дека има благо искривување на забите, па отишла кај стоматологот Милош Јанацковиќ каде тој и ја ставил протезата.

После долго патешествие со нејзиниот проблем со забите, таа конечно ја извади протезата, а на Инстаграм сподели цел албум од слики во процесот на вадење.

Во видеото таа вели: ,,Леле колку ми се убави забите, не ги замислував вака. Ова како да не сум јас, многу убаво си ги направил.” A потоа под сликите напиша:

,,Аххххх… од каде да почнам…? Ај, од пред две години кога првпат дојдов кај овој човек до мене @mmilosjanackovic по препорака на неговата сестра.

Сосема случајно нејзе ѝ се пожалив малку околу забите, имав благо искривување на двојките и никогаш не се смеев онака сигурно и храбро, (а јас сум лик што мноооогу се смее) и таа не ме ни праша, за два дена веќе имав закажано кај Милош!

Дојдов божем да ме прегледа,да ми каже мислење и да ви кажам НАААЈИСКРЕНО ни сама не сум свесна како веќе почна со ставање протеза.

НЕМАМ ПОЈМА што се случи,луѓе, тој веќе знаеше дека ситуацијата ќе оди на полошо ако не се среди сега. Тој процес не го памтам баш оти толку бев нервозна што ќе имам такво нешто на забите! Јас? На овие години? Секој ден што сум на ТВ?

Абе, ум рев од плачење цела една недела, не дека ме болеше нешто туку како можев да се согласам на протеза?! -Ќе плачеш кога ќе ја вадиме, памти што сум ти кажал – ми рече тој ден, а мене ми идеше очи да му извадам од б ес ама таа реченица му ја запамтив.

Кога се смирив психички доста зборевме за сѐ, ја имав најубавата керамичка протеза RADIANCE која не се ни познаваше и некако забите си се наредија перфектно за многу брзо време, а после го средувавме загризот со носење ластичиња (зашто долната вилица ми беше многу поназад).

Да потенцирам дека никогаш не ме остави сама за овие две години и успешно ги трпеше сите мои расположенија и тогаш кога не се трпев ни сама.

Две години ми поминаа како два дена! Денеска, на вадење, не плачев, туку сум ПРЕсреќна што ја направив НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ, убава и широка насмевка со голема самодоверба!

Доста се срамев, доста се криев! Ова сум јас и да не беше Милош можеби уште ќе се смеев со затворена уста.

Многу ти се лутев првиот ден, а денес сфаќам дека беше во право за СÈ и колку си значи да се смееш слободно, исто како што ми кажа.

Ве охрабрувам сите кои имате сличен или било каков проблем со забите – НЕ ЧЕКАЈТЕ!!! Тоа е вашето лице и вашето здравје!

Нема болка, времето брзо ќе летне, а чувството на крај е PRICELESS!!! Не знаете колку ми е убаво во овој момент додека го пишувам ова. Не чекајте,“ напиша Спенџарска своевремено на својот профил.

Спенџарска, отако многу медиуми, а меѓу нив и нашиот објавија дека има дечко Грк, со оглед на тоа дека често оди во Солун, сега е повторно во овој грчки град, и на Инста стори таа кажа дека заминала за да ги искористи попустите за „Black Friday.“

Прво, се снимаше како се шета низ градот, потоа, се пофали каква домаќинка е, тоест какви убави чинии си купила, а потоа во едно од сторињата се слушна машки глас со кој зборува на англиски јазик.

Потоа, се снима како разговара со машки глас и вели дека ја донел во продавница за сирења и дека таму е многу студено.

-Сирење сака да си купи човекот. Тој не знае дека ние во Берово имаме најубаво сирење ама ајде“.

Потоа, машка рака покажува дека ѝ купува на Јелена неколку чоколади од позната марка, а таа вели: Ова е за мене? Потоа, Јелена му вели: Ова е со орео. Купи и ја оваа, оваа ја сакам.

Машката рака зема повеќе чоколади за Јелена, а таа скромно му вели: Не не, една е доволно, зошто се будалиш?

Јелена денес на својот Инста профил на стори објави слика која беше заматена, но се гледаше дека таа седи на плажа со партнерот, со пијалак во рака, а сликата е направена од трета личност од страна.

Водителката повторно му го имаше покриено лицето на партнерот, а одозгора напиша: „Среќна годишнина“. Иако Јелена уште нема кажано ништо за својата врска, најверојатно, судејќи по фотографијата, таа и дечкото се една година во врска.

Некои избраници одлучуваат да слават „годишнина“ и на неколку месеци, но во секој случај се гледа дека водителката е многу среќна, колку време и да се заедно.

Previous articleТатко ми беше глув, а мајка ми многу убаво пееше – Ова е тажната на познатиот пејач на љубовни песни
Next articleЛекари од Ниш бараат да работат за без пари, за да се намали листата на чекање