Home Live Агнеса во прегратка на убав маж – се работи за деловна соработка...

Агнеса во прегратка на убав маж – се работи за деловна соработка или нешто повеќе? (ФОТО)

На познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева и се случи нешто што во светот на познатите намерно се исценира, само за да се привлече внимание во јавноста.

Се почна со објавувањето на статусот на нејзиниот сопруг пред речиси две години, во кој тој ја прозва дека наместо да биде на зимување со семејството на Пелистер, таа сака да тера „кариера“.

Потоа приказната доби холивудски расплет и горе-долу, на сите им е позната, бидејќи за ова пишуваа речиси сите портали.

Агнеса Органџиева во едно од своите последни интервјуа, за Репортер рече дека не очекувала оти последните две години толку ќе се пишува за неа и за поранешниот сопруг, поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски.

Таа го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на короната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја спомена во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со ќерката Тифани, таа рсакажала за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат…

Потоа, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана., таа раскажала во ова интервју.

Во однос на тоа како дознала за статусот на Орданоски во кој тој ја нараче фотошоп барбика, таа рекла: „Ми се јави поголемата ќерка, само ми рече: Мамо, не отварај кај тато на Фејсбук, пиша нешто, да не се изнервираш.

Нормално дека отворив, и почна… Не очекував такво нешто од него, до вчера заедно сме спиеле, иста спална сме делеле, сега он нешто да менува, да кажува нешто што не е нели?

Првиот момент се навредив, после 3 дена се навикнуваш, и си тераш така. Коментарите не ме погодија во ниту еден момент, премногу сум ментално јака, не дозоволувам коментарите да влијаат за мене.

Приватно сум многу нормална, посветена мајка на двете деца. Знам дека поианку ме доживуваат, ама тоа е сега“, рече Агнеса во новото видео интервју за Репортер.

Потоа кажа дека тааим била инспирација на многу жени да го направат истиот чекор- да зе разведат како и таа.

Многу жени го имаат тој проблем што јас сум го надминала. Повеќето немаат храброст да го направат тој чекор. Мислам дека тие жени негтивно коментираа“, додала таа.

Некои после ми приоѓаа и ми кажаа дека сум им дала сила и тие да го сторат истото. Една ми пријде и ми рече: Агнеса да знаеш, ти ми даде сила едноставно и јас да го направам тој чекор.

Секој сака да живее среќно нели, никој не сака веќе во брак да живее како брат и сестра“, рекла Агнеса која кажала дека со својот поранешен маж е во добри, пријателски односи.

Во своето интервју, Агнеса потенцираше дека премногу внимава со кого комуницира, со кого се слика и се појавува во јавност, бидејќи за нејзе е многу важно да не се стекнува погрешен впечаток и да не се поврзува евентуално со мажи со кои всушност таа нема врска.

Деновиве Органџиева објави фото со стилистот Војкан Андреевски, сопственикот на салонот за убавина “В.А. фешн“.

На фотографијата се гушнати, а Агнеса му ја држи раката. Во описот има напишано: „Со мојот фризер“.

Дали се работи само за деловна соработка, или нешто повеќе, само тие двајцата си знаат, но фотографијата привлече внимание и различни коментари!

Previous articleНа Гавазова ѝ текна нешто што само на холивудските ѕвезди би им текнало: Во ова издание ја немаме видено (ФОТО)
Next articleОва е Бошко, ама ме чува како да е Јошко – Нивес Целзиус го прозва најдобриот хрватски фудбалер Гвардиол (ФОТО)