Home Live Александра Пилева жали по убавите спомени од Македонија, еве што прави сега...

Александра Пилева жали по убавите спомени од Македонија, еве што прави сега нашата пејачка во Америка

Пејачката која се истакна со својата појава и глас, Александра Пилева Чадиев (42) е од Неготино, пееше поп и рок-музика. Студирала на Технолошкиот факултет во Скопје (отсек конфекциско инженерство).

Нејзиниот прв настап бил во 1998 на Макфест со песната “Ти си тој”. Во 2000 таа започнала да настапува во Скопје, во соработка со групата “Session Selection”, со која изведувале рок песни во клубови.

Заедно со овој бенд таа настапила на Макфест 2000, пеејќи ја нејзината автоска песна “Искривени слики”. Со полни 22 години била најстарата финалистка на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди.

На големото финале на манифестацијата, ја извела темата Ангел мој, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) – Александар Ристовски – Принц (текст). Нејзината песна била наградена со една од две специјални награди.

Во 2004, на музичкиот фестивал Макфест, настапи со песната “Нема Утеха” и ги добила наградите Гран При, прво место од публиката и награда за најдобар глас од акредитираните новинари.

Во 2005, Пилева била избрана како еден од шест кандидати за претставници на Македонија на Евровизија 2005. Откако таа го поминала полуфиналето, во финалето се натпреварувала против Мартин Вучиќ, каде што извела четири композиции, од кои на крај ја извела “Сонце и месечина”.

Таа победила со телефонските гласови, но Вучиќ освоил повеќе бодови од жирито и публиката со што бил избран за претставник. После ова, таа го издала својот албум „Сонце и месечина“.

Во 2005, одржала концерт во Ирак во базата на американските вој ни ци, со посетата на министерот за одбрана на Македонија, во организација на американската армија.

Во 2006 настапила повторно на Макфест, и ја освоила втората награда од публиката и награда за најдобар гласовен перформанс од акредитираните новинари, со песната “Сребрени војници”.

Таа година настапила и на меѓународниот фестивал во Будва, Црна Гора, со песната “Сонце и месечина”.

Во 2007 за прв пат ја напишала нејзината песна “Летај со мене” од албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”, кој бил во калифорниски стил. Оваа песна доживеала огромен успех листата Адриа Топ 20 на музичкиот канал MTV каде неколку недели се задржала на второто место.

После тоа, една од најпопуларните песни во 2007, “Песна за Македонија” и нејзините други синглови го претставиле албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”.

Во 2008 Пилева одржала повеќе рок концерти и неколку големи проекти со Министерството за култура: Летен културен бран 2008. Во проектот “Пеј на Кирилица”, Пилева ја обработила легендарната рок песна “Дал да плачам ил да пеам”.

Албумот “Get Back to Studio Rock ‘n Roll” бил издаден во 2008, а Александра за дел од песните ги напишала музиката и текстовите. Истата година, таа го издала првото DVD со наслов “Во живо од студио Rock N Roll”.

Во 2009, Пилева го одржала својот прв соло концерт спонзориран од градоначалникот на град Скопје. На концертот гостувале и други ѕвезди, меѓу кои и рок групата “Електрични орг азам” од Србија. Концертот имал голема посетеност од 7000 посетители.

Во 2010, Пилева добила меѓународно признание и можност да настапи на Пиво фест во Белград, Србија. Таа, исто така, во текот на 2010 настапила на концерти по повод “Денот на независноста”, 8 септември во Велес, “Илинден”, 2 август во Крушево, и други концерти.

Во 2011, Александра станала мајка на нејзиниот син Лука. Во 2011, таа го отворила својот рок клуб бар Лед Цепелин во Скопје, во кој гостувале едни од најдобрите рок бендови од Македонија.

Во 2012, Пилева настапила на Охрид 2012 фестивал под 21 Охридско културно лето и добила награда за најдобар настап со песната “Дали после се ме губиш.”

Со цел враќање на некогашниот квалитет на Скопје Фест, Пилева била специјална гостинка и настапила со песната “Имам јас се”.

Исто така, во 2012, таа продолжила со работа на нејзиниот трет албум “Антиретро”. Таа се омажи за ракометарот Зоран Чадиев и заминаа да живеат во Америка. Пред да замине од Македонија, непорседно пред да го роди синот Лука, таа даде интервју за Иди види и изјави:

-Зависи од тоа дали ја имаш најдено вистинската личност, која ќе те поддржува онака како што ти е потребно. Ако постои таков однос, тогаш е многу убаво да се биде сопруга и рокерка. Јас ја имав таа среќа, а љубовта е во голема мерка среќа.

Да ти се појави вистинскиот човек во животот и да го препознаеш тоа, да не ја пропуштиш шансата. Пред да го сретнам Зоран, бев во врска, но имав впечаток дека јас не можам да сакам, дека можеби не сум создадена за љубов.

Откако го запознав, сфатив дека во мене има многу потенцијал за сакање, меѓутоа ми требало некој да го поттикне. Можеби затоа денес мислам дека човек може да сака само еднаш и оти вистинската емоција не може да се потроши.

Јас стапив во брак поради љубов и затоа што го сакам човекот за кого се омажив. Таа ми е главниот мотив и ми ја дава најголемата сила. Секој ден од животот е убав, постојано учиме нешто ново, правиме нешто, решаваме некој проблем“.

Александра Пилева пак ѝ се вратила на музиката и имала настап на Македонска конвенција во Чикаго. Таа на својот Фејсбук профил објавила слики и видеа како пее „Песна за Македонија“, и напишала дека поминала една фантастична вечер.

Судејќи по фотографиите на Инстаграм, Пилева и понатаму настапува и пее во Илиноис, САД со нејзин бенд.

– Минатата ноќ беше неверојатна, публиката беше одлична, сите ги пеевме моите песни! Многу благодарам на луѓето кои ми помогнаа во овој проект. Френк Томас за се да изгледа добро на сцената.

Игор Димовски што ги направи матриците и видеата за мене. Славиша Киброски, што помогна со траките, фала многу Славе. Прекрасна Македонска Вечер! Благодарам до сите што ми помогнаа во овој проект, немавме време за подготовка, но се излезе супер на крај“, напиша Пилева во септември оваа година.

Спoред сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа се уште изгледа речиси исто. Пилева која сега се презива Чадиев, воопшто не се сменила од времето кога ја пееше „Нема утеха“.

Таа со носталгија се сетила на едно минато време. „Пред многу време, 2001 година, мојот 2 сингл што некогаш сум го снимила, „Искривени слики“. Со мојот бенд во тоа време Session Selection. Имам многу убави спомени од тоа време“, напишала Пилева на Фејсбук.

Previous articleИлина раскажа искрено за животот во Америка- нема автомобил, живее во мал стан со позајмен телефон, а еве што ѝ кажал Игор кога си заминала
Next articleПовод за радост во фамилијата на Весна Бејби- мислевме ќе бидеме како на семејна слава, 15-20 луѓе, ама ова е нешто друго…