Home Live Анета Наковска објасни зошто во Македонија се нема, а во Америка се...

Анета Наковска објасни зошто во Македонија се нема, а во Америка се има- кај нас да ѝ речеш да избрише прозори…

Анета Наковска е долги години присутна на македонската фолк естрада, уште од кога беше многу млада. Таа има настапувано на доста турнеи и веселби кај нас како и во дијаспората, за нашинците со нејзините песни и со македонски народни песни.

Но, Анета не секогаш се занимавала само со музика, таа во една прилика раскажала дека сепак имала и друга професија кога не е поврзана ниту со музиката, ниту со естрадата или музичкиот бизнис.

Всушност, таа сменила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис.

Анета во едно интервју има раскажано дека нејзина прва работа била во агенција за недвижности. Подоцна, таа почнала да заработува работејќи во фирмата на нејзините родители.

Нио, тоа не било се за Анета, таа се обидела и како книговодител. Потоа, работела и на шанк во кафеана која била сопственост на нејзините родители. Тука не застанува приказната за промената на професиите на убавата и згодна Анета.

Таа била вработена и во еден мобилен оператор. На почетокот, работела во правна служба, за подоцна да премине во продажен салон. Нашата позната фолк пејачка во една професија се задржала најдолго, а тоа не е музиката.

Таа најдолго се задржала во инфо-центарот на истиот тој мобилен оператор. Девиза на Анета е за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Таа се согласува со онаа стара народна поговорка- џабе работи, џабе не седи.

Анета во една прилика рече дека тоа е всушност нејзиното животно мото кое ја води во текот на животот.

Пејачката сега веќе не е Велгошти каде што заедно со сопругот Спире води семеен ресторан, туку повторно во Америка што се гледа по сликите што ги објавува.

Анета објави слика од својата трпезарија дома која е полна со здрава храна- овошје.

– Ептен ми е мерак што го постигнав долго посакауваното, да се навлечам исклучиво на здрава храна“, напиша Анета.

Анета Наковска на Фејсбук објави видео од келнерка која брише прозори во локал, тоест во ресторан и постирајќи го ова видео, таа објасни која е разликата помеѓу Македонија и Америка според неа.

Кај нас на келнерка да и речеш да избрише прозори, беља ќе те најде, ама во Америкава нема такво нешто, работат се и секогаш со насмевка ги послужуваат луѓето…Голема разлика нели… е затоа имаат…“

Previous articleРастура со песна од Лепа Брена, а почна и да личи на Брена- ова се случува кога Даниела Темелковска пее во Скопје (ВИДЕО)
Next articleСо длабоко деколте, Ирена ги повика Македонците од Австрија на ова место, ако вака се облече на настап, ќе се бара реприза (ФОТО)