Home Live Антониа без шминка, објави слика од својата спална, но што кажува оваа...

Антониа без шминка, објави слика од својата спална, но што кажува оваа тага на нејзиното лице

На целата јавноста ѝ е познатио дека младата Антониа Гиговска до неодамна беше во среќна врска со пејачот Иван Јованов.

Во едно претходно интервју за Бекстејџ, вокалот во составот на Либеро бенд јавно на својата тогашна сакана и порача да прекине да јаде макарони, односно тестенини секој ден.

Имено, токму ова јадење беше нејзина најголема слабост, а Гиговска освен што го дегуситира секој ден, исто така сама и го приготвува. Тоа го направи и пред камерата на Бекстејџ…

Кој би рекол дека Антониа е девојка за се! Тестенините добија оцена 10, а Гиговска реши да го возврати удаpот и еве што го предизвика Иван..

Антониа Гиговска пред неколку години повторно имаме прилика да ја гледаме во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – all stars“.

Во секое нејзино претставување таа добиваше само позитивни коментари од членовите на жирито.

Иако, кружеа гласини дека наводно меѓу Милан Станковиќ и Антониа има нешто повеќе од релација судија – учесник, сепак тоа беа само шпекулации, а младата пејачка љубовта ја нашла во свој колега од македонската естрада.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Пејачката успеа да ослабе 33 килограми изминативе месеци, а тоа го стори со многу вежбање, и со специјален начин на исхрана. На оваа тема, таа зборуваше во Репортер.

– Навистина го сакав моето тело какво што е. Немаше посебен момент кога решив да ослабам. Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе“, изјави пејачката.

Таа рече дека секојдневно комуницира со Калудија Адеми, познат бодикоуч од Шпанија која им помогнала и на Ана Бекута и на Инди да ослабат.

Таа ѝ помогнала со начин на исхрана и со вежби, и ѝ била најголемата мотивација да не се откажува. Исхраната на Антониа се сведувала повеќе на овошје и на зеленчук.

Антониа во една прилика објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Изгледа совршено, а и новата фризура- боја на коса одлично ѝ стои.

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Веднаш во медиумите се појавија шпекулации дека Иван се фрлил во прегратката на најдобрата другарка на Антониа, но вчера за Бекстејџ, Иван објасни дека тоа не е така, напротив, најверојатно се случила обратна ситуација!

-Јас сум со Мартија добар пријател, па дури и со нејзините родители, кои се познаваат со моите. Од клубот Интермецо ми побараа женски вокал кој би бил гостин на вечерта и така таму се појави Мартија, рече Иван.

На прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, Иван одговори:

-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале. Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам се најдобро.

Јас не сум злопамтило, ние и понатаму се следиме на Инстаграм и со Антониа и со Роберт. Јас се познавамн со родителите на Антониа и со родителите на Роберт и навистина не би сакал да правам никакви проблеми.

Антониа објави природна слика на Инста стори, од нејзината спална. На сликата, Антониа е во кревет, без шминка, покриена со ќебе, и изгледа убаво, но она што може да се забележи е тага на нејзиното лице.

Дали Антониа пати по Иван или има друга причина за тага, пејачката сигуро дека ќе открие- таа е инаку отворена со јавноста за приватниот живот, и ја задоволува љубопитноста на нејзините обожаватели.

Previous articleПовод за радост во фамилијата на Весна Бејби- мислевме ќе бидеме како на семејна слава, 15-20 луѓе, ама ова е нешто друго…
Next articleУжива во друштвото на овој шармантен познат човек- еве зошто Кате од „Соната“ е толку насмеана