Home Live Илина раскажа искрено за животот во Америка- нема автомобил, живее во мал...

Илина раскажа искрено за животот во Америка- нема автомобил, живее во мал стан со позајмен телефон, а еве што ѝ кажал Игор кога си заминала

Познатата алпинистка Илина Арсова (40) од пред неколку месеци престојува во Тенеси, Америка.

Причината за заминувањето не е освојување на нов планински врв, туку како што појаснува таа, започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

Во видеото кое го објави, таа раскажа дека одлуката да замине не била лесна, најмногу поради семејството, како и нејзиниот партнер, шоуменот Игор Џамбазов (59)“, објав Фокус пред извесно време.

Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот – таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски).

Потоа, таа е магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител…

-Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сеуште се донекаде зачувани“, изјавила Илина во Слободен печат во една прилика.

Сакав да учам и да се надградувам, можеби не толку научно како другите од моето семејство, но во моето целокупно образование секогаш сум била солиден студент.

Врвот сепак го достигнав во 2012 година – како една од 17 девојки во светот учествував на Глобалната светска менторска програма во САД за промовирање родова еднаквост преку спорт, вели Илина.

Уште во гимназија сите тетратки ми беа полни со цртежи, а мини портретчиња на професорите ги исполнуваа маргините од страниците. Не се откажав од сонот да студирам на Ликовна академија, иако повозрасните колеги не ме охрабруваа многу за таа идеја.

„Тоа е најубавиот факултет, но потоа е најтешко да најдеш работа“, така ми велеа. Вака македонската ликовна уметница, скијачка и планинарка, раскажа за „Факултети.мк“ за студентските денови во една прилика.

Илина сега вели дека и покрај обемните задачи кои ги има на Универзитетот во Тенеси каде што е докторант, нејзиниот номадски живот не се сменил. Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник веќе 4 месеци живее еден од своите соништа, далеку од домa.

За заминувањето на докторските студии, Илина раскажала во Женски магазин и рекла дека вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер.

-Моите блиски мислам дека можеби и го очекуваа ова бидејќи докторските студии подолго време ми беа во план, но никако да стигнат до приоритетната позиција која секогаш беше резервирана за планински експедиции.

Тие самите понекогаш ќе ме потпрашаа, до каде е мојата идеја за докторски, и самите паметат дека последно бев во преговори со Универзитетот во Тарагона некаде во 2017 година, кога повторно други работи добија приоритет, па некако таа идеја привремено избледе.

За Игор можеби ова беше шок, иако тој тоа вешто го крие и секогаш ми дава неизмерна поддршка во моите одлуки. Дури и за карпите кои верувам не се негови омилени, ќе ми рече:

“Те поддршувам, иако никогаш нема да можам сосема да те разберам“, кажала Илина.

Потоа, раскажала и како живее во Америка и што и е всушност најважно како личност.

-Кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели. Но, имам и доста работа за факултет. Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам.

Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега. Така што патувањата ми се сèуште приоритет. На пример, сè уште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио.

Сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била“, изјавила Илина во ова интервју.

Previous articleЛекари од Ниш бараат да работат за без пари, за да се намали листата на чекање
Next articleАлександра Пилева жали по убавите спомени од Македонија, еве што прави сега нашата пејачка во Америка