Home Live Ирена и Ибро Лабунски, таткото на Адам наздравија, водителката изгледа беспрекорно покрај...

Ирена и Ибро Лабунски, таткото на Адам наздравија, водителката изгледа беспрекорно покрај пејачот (ФОТО)

Младиот пејач од Македонија стана познат и популарен благодарение на својот атрактивен изглед и учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Но неговата слава не траеше многу долго. Имено, кога Адам Лабунски се појави во шоуто девојчињата од регионот полудеа по згодниот Македонец.

Тој ги освои сите со своите вокални способности, но и со својата долга коса и атрактивниот изглед.

Адам Лабунски, актуелниот учесник на новата, спектакуларна шеста сезона на Задруга направи инцидент со Урош Ќертиќ за што се раскажуваше со денови.

Своето мислење за учеството на неговиот син во оваа прилика го соопшти и Ибро Лабунски, таткото на Адам.

– На самиот почеток не бев за тој да влезе во реалното шоу бидејќи се грижев како ќе се снајде. И самиот сум музичар, знам како оди кога ќе почнеш од нула. Во Македонија сум познат, а во Србија не.

Кога го повикаа, бев против, бидејќи мислев дека нема да се снајде со „белградските волци“. Адам на самиот старт беше и за и против, но сепак се проби и влезе во величествениот имот…

Тука живееме веќе 4 месеци за да го поддржиме и да му помогнеме да ја освои Србија.

Мислев дека Задруга ќе му помогне и ќе го популаризира, а знаеме колку значи само да се појавиш на телевизија Пинк, а неговиот почеток беше на ѕвездите на Пинк…

Таткото на Адам откри и што го советувал пред да влезе, но зборувал и за конфликтот со Урош Ќертиќ.

– Иако сум му татко и ментор, бидејќи го научив сѐ што знае за музиката, не сум пристрасен. Можеби не е најдобар пејач, но како пакет е доста квалитетен.

За време на натпреварот „Пинкови ѕвездички“ за тоа проговори и самата Цеца која го пофали како комплетен изведувач.

Би сакал да не е ‘анонимен’, јас на пример сум познат во Македонија, но не и во Србија, што не би сакал да биде случај со него. Навистина би сакал да успее во регионот. Го советував да не се жали, да пее кога ќе му побараат…

Малку е досаден во таа смисла, се експонира и кога треба и кога не треба.

Можеби Урош беше малку во право, бидејќи изгледа малку напорно од тоа секојдневно пеење.

Навистина, иако сум татко, сакам да бидам што е можно пореален кога е моето дете во прашање. Гледаме и следиме се’ што прави секој ден…

Познатата водителка Ирена Спировска скоро 30 години ја гледаме на телевизиските екрани. Почетоците на нејзината телевизиска кариера беа во Македонската радио телевизија.

Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје. Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

Денес, Ирена Спировска е синоним за успешна и богата телевизиска кариера.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани. Таа е и активен член на НВО „Борка“.

Ја помниме и како бинго-девојка, а сега ја води емисијата „Везилка“ на Алфа со Благоја Грујовски и Адријана Алачки“, напиша „Еспресо.мк“ во една прилика, а Ирена во овој медиум била гостинка во рубриката Асоцијации.

Така Ирена кажала дека буквата „А“ ја потсетува на Алпите, затоа што е вљубена во планините.

Ф – Фустан, отсекогаш многу сум сакала долги фустани, во долг фустан жената изгледа најженствено.

Х – Хуманост, без оваа карактеристика не заслужуваме да се нарекуваме луѓе! З – Зорица, името на мојата мајка и на мојата ќерка.“, кажала Ирена за овие букви и на што ја асоцираат.

Ирена Спировска има многу почит кон своите познаници, колеги и пријатели и секогаш кога им доаѓа роденден, Ирена прави посебни честитки кои ги објавува на својот профил на Инстаграм.

Таа денеска му честиташе роденден на Ибро Лабунски и објави фотографии како наздравува со пејачот во една прилика. На втората фотографија, Ирена, Ибро и Благоја Грујовски седеа на маса, а покрај Ибро стоеше и Адам.

Ирена на фотографијата стави стикер на кој пишуваше, „Среќен роденден.“

Previous articleМилена се стегна во најтесната сукња досега и се пожали дека неделава ѝ била многу тешка (ФОТО)
Next articleСека Алексиќ откри како го негува сопругот: Тој е мојот крал и сакам да се чувствува удобно во неговото кралство