Home Live Јадела по една кифла на ден, едвај преживувала, ќерката на Кеба, и...

Јадела по една кифла на ден, едвај преживувала, ќерката на Кеба, и сестра на Игор, Наташа имала тежок живот

Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба се сврте кон алтернативната медицина и започна нов бизнис – производство на растителни здравствени производи. Имено, Кеба најде спас за дополнителни приходи.

Сепак, додека другите пејачи најмногу се потпираа на заработката преку социјалните мрежи, пејачот реши да стане билкар.

Како што е наведено, тој склучил соработка со еден производител на овој вид додатоци и ја лансирал својата линија наменета за целиот организам – почнувајќи од заби, нега на лице, сè до пот -енција.

Првиот во низата производи е крем од билки кој третира габични инфек-ции, егземи, промени на кожата, потоа препарат за избелување на забите. А има и подготовка за забрзување на метаболизмот и согорување на масни наслаги, но и производ за чистење на организмот на паразити, бактерии и габи.

Којиќ, како што се наведува, во својата понуда вклучил крем за лице за подмладување, а последниот, но не и најмалку важен производ се однесува на потен-цијата кај мажите.

Освен што Бог ми даде да ја лекувам душата со песна, сигурен сум и дека многу тајни што постојат во природата можат да бидат препознаени и комбинирани како алтернативен и стопроцентен природен лек за душата и телото – рече Кеба.

– Долго време сакав да вежбам алтернативна медицина, за која често зборував. Сигурен сум дека сум на вистинскиот пат и дека ќе успеам да заработам наклонетост и што е најважно, доверба на сите оние кои навремено ги пробуваат производите – истакна пејачот за Курир.

– Моите раце имаат биоенергија, лекувам главоболка во еден момент, го подобрувам расположението стискајќи само на едно единствено место, каде што проценувам по лице дека треба.

Го мерам пулсот и тогаш гледам … јас сум добар алтернативен лекар, со допир можам да ја сменам свеста, односно расположението, на подобро – рече Којиќ.

Наташа Којиќ, ќерката на Драган Којиќ Кеба, повеќе од една деценија живее во Америка. Иако и предвидуваа сериозна музичка кариера во Србија, таа наеднаш реши да остави се зад себе и да ја напушти Србија.

Сепак, сега Драган Којиќ Кеба откри добра вест, дека неговата сакана наскоро доаѓа во Србија.

– Добра е и здрава, што е најважно. Убава е како кукла, дури и поубава од што беше, а во оваа прилика ќе ве известам дека наскоро доаѓа во Србија – со среќа во гласот рекол фолкерот.

Инаку, покрај пишувањето филмска музика, таа снима модни едиторијали, сцени и се појавува во шоу програми.

– Не бев во Америка поради целата ситуација. Благодарение на новата технологија и социјалните медиуми, се слушаме секој ден или секој втор ден. Јас не сум од оние родители каде детето мора постојано да биде во скут.

Грижата постои, често ме обзема и не ми е лесна. Само јас знам како се чувствувам. Плачам за неа. Тешките работи што ги чувствувам ги преведувам во песни. Имам две-три песни кои ѝ ги посветив, но се уште ги немам снимено – изјави претходно Кеба.

Имало тешки моменти кога, како што пренесуваат медиумите, јадела по една кифла дневно, а нејзините родители Оља и Драган и помагале финансиски. Ја повикале да се врати во Србија, но Наташа не сакала ни да слушне за тоа.

Previous articleУжива во друштвото на овој шармантен познат човек- еве зошто Кате од „Соната“ е толку насмеана
Next articleМилена се стегна во најтесната сукња досега и се пожали дека неделава ѝ била многу тешка (ФОТО)