Home Live Како да му е близнак, а не постар брат- ова се братот...

Како да му е близнак, а не постар брат- ова се братот и снаата на Даниел Кајмакоски (ФОТО)

Односот на мајката со нејзиниот син во најраниот период од животот значително влијае на вредносниот систем на мажот подоцна во животот. Како централна фигура во животот на момчето, мајката има огромно влијание врз тоа каков ќе биде нејзиниот син како личност.

Секако, важна е и блискоста со таткото, но и сестроте и браќата. Во неколку наврати, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски има кажано дека е многу горд на своето семејство.

Неговиот татко, Павле Кајмакоски е исто така музички талентиран, и тој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.

Мајката на Даниел, сопругата на Пвле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршпка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.

Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија.

Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.

По бурниот период, Даниел изгледа дека се враќа во нормала, па објави стори со слика од студио на кое стои: Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор.

Кајмакоски сега е во Скопје, и објави порака на стори на Инстаграм: Ова е нов ден, ова е нов живот за мене, и се чувствувам добро! ти благодарам Господе!

Тоа е всушност цитат од песната „Feeling Good“ од Мајкл Бубле. Даниел изгледа дека уште е во Македонија и објави слика како ужива на вечера со една од најубавите жени кај нас, а тоа е Миланка Рашиќ.

Даниел и Миланка се добри пријатели и сорработуваат, а тој со оваа слика ѝ посака среќен роденден и напиша: Не барајте вино, испиено е. Среќен роденден!

Но, Даниел објави и пост во кој вели дека Миланка го спасила од многу нешта. Сега, тој е среќен и вљубен во убава девојка, чие име уште не го открил за јавноста.

Малкумина знаат дека Кајмакоски има и брат кој е се вика Далибор. Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.

Пред неколку години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат, а тоа се гледа и по постот кога се роди Давид, синот на Даниел во 2017 година.

– „Саканиот“ е името на мојот внук, кој денес за првпат ја вие светлината на овој свет. Среќен чичо сум и одвај чекам да си го видам мојот ДАВИД. Нека ни е жив и здрав“, стои во објавата на Далибор.

На ова неговиот брат, Даниел му возвратил:

Далибор значи далечна борба. Далеку и борба. Потекнува од Словенија и тоа име се дава само на големи борци како тебе. Давид исто едвај чека да го запознае својот чичко. Те сакаме брат, поздравче“, напишал Даниел.

Она што исто така може да се забележи, освен големата блискост е сличноста меѓу браќата. Далибор и Даниел се речиси исти, и личат како да се близнаци.

А, на сликите кои Далбибор ги обајвил од САД, е со Ленче, неговата сопруга. Но, Далибор и Филип имаат и брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа, но не како Даниел и Далибор.

Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат. Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка.

Браќата имаат иста судбина, сите да жиеват далеку од дома, и соте да се далеку еден од друг. Даниел сега живее во Србија, Филип во Австрија, а Далибор во Америка. Далибор и Ленче имаат два сина.

Previous articleСо длабоко деколте, Ирена ги повика Македонците од Австрија на ова место, ако вака се облече на настап, ќе се бара реприза (ФОТО)
Next articleНапишал лажно проштално писмо- за инает, си пиеше покрај реката, и не се дружеше со колегите- Животната приказна на Павле Вујисиќ