Home Live Лекари од Ниш бараат да работат за без пари, за да се...

Лекари од Ниш бараат да работат за без пари, за да се намали листата на чекање

Директорот на Клиниката во Ниш, проф. Д-р Драган Милиќ пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави несекојдневна иницијатива.

По ова, веќе се испратени и официјални писма на адресите на Министерството за здравство, Републичкиот фонд за здравствено осигурување и раководството на Универзитетската болница Ниш, со барање до да одобри дополнителна работа и да ги обезбеди потребните потрошни материјали, пишува српски Блиц.

Оваа иницијатива била предложена од помлади колеги на Д-р Милиќ, а била поддржана од други лекари.

Лекарите на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија, предложија од Нова година без никаква наплата да вршат кардиохируршки операции и зафати во сабота и недела за целосно да се елиминира листата на чекање, која во моментов има 130 пациенти!

„Нивната желба беше на овој начин да им помогнат на нашите пациенти за што побрзо и навреме да бидат оперирани, бидејќи на кардиохируршките листи пациентите умираат чекајќи операција“, вели за српски Блиц проф. д-р Милиќ, додавајќи дека на овој начин сакале да ѝ се оддолжат и на државата која инвестирала во нивното образование.

Нема листа на чекање за васкуларни операции, но има околу 130 пациенти кои чекаат за операции на срцето на Клиниката за кардиохирургија во Ниш, што е, како што се оценува, листа на чекање од околу три месеци. Меѓутоа, доколку иницијативата успее, таа би можела да исчезне за шест до 10 месеци.

„Со нашата дополнителна работа во сабота и недела, листата на чекање би била целосно елиминирана за 6 до 10 месеци. Нашата листа е најчувствителна затоа што луѓето умираат на нашата листа.

Според последната ревизија на списокот на пациенти, од 130 лица кои чекаат операција, четворица починале. Не сакаме да ни плаќаат за тој дополнителен труд, туку конечно да се ослободиме од тие листи на чекање и да ги немаме тие трагични приказни што ни тежат“, објаснува проф. д-р Милиќ.

„Предлагаме за оваа вонредна работа да не добиеме никакви дополнителни часови, стимулација, ниту некаков финансиски надоместок, само да ни овозможат да работиме и да ни дадат доволно потрошен материјал бидејќи оваа година имавме многу проблеми со набавката на материјали.

Доколку го зголемиме бројот на операции за 25 или 30 проценти, ќе бидат потребни повеќе материјали“, вели д-р Милиќ.

Тој ги повика колегите од другите клиники, како во Универзитетската болница во Ниш, така и во Србија, кои имаат листи на чекање, да се приклучат на оваа иницијатива.

Извор: Глаголица.мк

Previous articleВешто го криеше, а сега откри колку време се заедно – Спенџарска слави годишнина со дечкото (ФОТО)
Next articleИлина раскажа искрено за животот во Америка- нема автомобил, живее во мал стан со позајмен телефон, а еве што ѝ кажал Игор кога си заминала