Home Live Маја: Ова што се прави на скопјани и Скопје е жалосно, целосно...

Маја: Ова што се прави на скопјани и Скопје е жалосно, целосно уништување на можноста за малку празнично расположение

Скопје засега е без новогодишно украсување. На улиците нема ниту една светилки и украс, на Плоштадот Македонија нема елка, ниту новогодишен базар.

Во главниот град единствено новогодишната атмосфера ја доловуваат кафулињата и дуќаните кои се украсени и осветлени.

Со години, Скопје кон почетокот на декември веќе бил украсен, елката на Плоштад пуштена да свети или пак украсувањето било при крај, но строгиот центар на градот веќе бил во новогодишна атмосфера.

Сега нема никакви активности за украсување ниту пак најава дека тоа ќе се случи, објави Сакам да кажам.

САКАМДАКАЖАМ.МК два пати ја праша Арсовска дали Градот ќе биде украсен и дали ќе има новогодишна прослава.

Градоначалничката ги игнорира нашите прашања и кусо ни одговора „ќе има прес-конференција и тогаш поставенте ги овие прашања“. Прес-конференцијата што ја најави на 29 ноември уште не е одржана.

Овој текст го постираше Маја Бабиќ која е организатор на настани долги години, и ќерка на неодамна упокоениот актер Марин Бабиќ и го кажа нејзиното мислење на оваа тема:

-Како жител на Скопје, но и како дел од бизнисот и професионалец што повеќе пати бил вклучен во новогодишните активности (украсување и организирање на настани) си земам за право да коментирам.

Ова што се прави на скопјани и Скопје е жалосно. Целосно уништување на можноста за малку празнично расположение. Пропуштена шанса за обојување на сивилото, за дефокус од лошото секојдневие. На сите ни е потребно!

Не секогаш ваквите организации значат трошок од даночните обврзници! Ако се работи навремено и паметно, средства можат да се обезбедат од приватни компании кои секако би требало да и вратат на заедницата во која работат.

Да не зборувам дека ваквите настани вклучуваат голем број на различни субјекти, на кои им се отвора можност за работа и за заработка.

Артисти, креативци, ракотворци, печатници, техничка опрема, фриленсери и уште многу други можат да бидат вклучени во овие активности и да заработат некој денар.

Народот задоволен, професионалците ангажирани, градот посветен – нели е тоа win win ситуација? Не се согласувам со изјавите на градоначалничката (од минатата година) дека немало да се даваат градски пари во приватни фирми.

Се прашувам, од каде ли администрацијата зема плата, од чии даноци? Ако не работи приватниот сектор, како ли ќе живее администрацијата? Но, се согласувам дека градските пари треба да се трошат внимателно, одговорно и домаќински.

Во Македонија работат голем број на професионални и креативни луѓе кои доколку се ангажираат, можат да испорачаат одлични резултати. Треба само да се сака и да се има визија!

Дополнување: Ако се раздвижи центарот, ако народот има причина да излезе од дома барем на еден час, колку ли само бизниси ќе го зголемат прометот тие денови.

Па ќе платат дневници на вработените, ќе платат данок, ќе заработат парички, ќе купат нешто….

И така во круг! На празен плоштад и центар, никој ниту сака да помине ниту да потроши пари“, стои во статусот на Маја Бабиќ.

Previous articleОва е Бошко, ама ме чува како да е Јошко – Нивес Целзиус го прозва најдобриот хрватски фудбалер Гвардиол (ФОТО)
Next articleВо краток и тесен летен фустан на егзотично место- Адријана Алачки ваква не ја знаеме (ФОТО)