Home Live Милена се стегна во најтесната сукња досега и се пожали дека неделава...

Милена се стегна во најтесната сукња досега и се пожали дека неделава ѝ била многу тешка (ФОТО)

Милена е една од нашите најубави и најскромни водителки, а гледачите можат секојдневно да ја гледаат на Утринската на Канал 5. Милена секогаш е искрена и во многу наврати на Инстаграм и во некои интервјуа има споделено за бор бите со анксиозноста.

Минатата година, во емисијата „Приказна“, и во интервјуто за овој портал, Милена отворено раскажа дека се соочила со анксиозноста. Милена има две ќерки, Лана Марија и Јоана.

Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анксиозност или панични напади.

Некогаш поминуваат и месеци, кoга воопшто ги немам. Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато.

Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста.

Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за сѐ, па така и за ова.

Кај мене се појави пост-породилно. Оние кои ме знаат како карактер, знаат дека сум темпераментна и комуникативна, но мајчинството си бара промени и поинаков тек на животот, на пример да се биде повеќе дома, посебно првата година штом ти се роди детето.

Тоа кај мене ги направи работите да бидат такви какви што се.

Постепено почнав да се повлекувам од луѓето, од јавниот живот, за потоа да резултира со некоја анксиозност и страв, за да се вратам повторно во тоа како сум го живеела животот претходно.

Имаше моменти каде што имав панични напади, но за среќа не беа толку страшни за какви што сум слушала и читала. Имаше моменти кога мислев дека ќе се онесвестам…“, за „Приказна“ раскажа Милена Антовска.

– Што се однесува до првата и втората бременост, двете бремености ми беа многу поразлични. Со Лана Марија како да не бев бремена, немав никакви тегоби, буквално до последниот ден бев излезена и носев високи потпетици.

Со Јоана навистина ми беше потешко, речиси два месеца порано се повлеков од работа, затоа што имав отежната бременост, имав и некои други здравствени проблеми, итн. Но сега е сѐ во ред и се надевам дека така и ќе остане.

На Лана постојано ѝ зборувавме дека ќе имаме нов член во нашето семејство, дека таа ќе биде постарата дадичка, дека таа ќе треба да ми помага, да се грижи за неа, да биде малку помирна и потивка кога Јоана ќе спие итн.

Така што целиот тој процес го изодевме заедно јас и сопругот со неа, воопшто не ја двоевме и сега не ја двоиме.

Сѐ заедно правиме за таа да не се почувствува оттргната, изоставена, буквално сѐ правиме заедно за и таа да чувствува и знае дека има уште посебно место во нашите срца, како што ќе биде секогаш – нормално и за неа и за нејзината сестра.

Лана е супер, одлична е како сестра, мене многу ми помага, навистина сум многу позитивно изненадена.

Но, понекогаш покажува и инает и љубомора. Сака постојано да биде до сестра ѝ. Ние ѝ го дозволуваме тоа, освен кога Јоана спие, а Лана Марија баш тогаш најмногу сака да ја гушка“, кажа Милена.

– Дома ми е интересно, хахаха. Среќа, имам помош околу чувањето на децата инаку навистина не би можела многу да излегувам сама.

Среќа што Лана Марија почнува во градинка и тоа ќе биде пред сѐ најдобро за неа, па ќе можам повеќе да ѝ се посветам и на Јоана“, рече Милена за „Женски Магазин“.

За „Еспресо.мк“, Милена се присети како се запознала со својот сопруг.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од три години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – изјави Милена во 2019 година.

Милена утрово објави слика од Канал 5, како и секогаш дотерана и видно расположена. Милена носеше многу тесна долга сукња, под колена која ја оцртуваше нејзината линија, која се забележува дека водителката ја довела до совршенство.

Во описот на фотографијата, Милена се пожали за изминатата седмица:

„Неделава баш ми беше долга и малку потешка отколку што очекував, но затоа со насмевка го чекам викендот што доаѓа.
Имајте најубав ден.“

Previous articleЈадела по една кифла на ден, едвај преживувала, ќерката на Кеба, и сестра на Игор, Наташа имала тежок живот
Next articleИрена и Ибро Лабунски, таткото на Адам наздравија, водителката изгледа беспрекорно покрај пејачот (ФОТО)