Home Live На Гавазова ѝ текна нешто што само на холивудските ѕвезди би им...

На Гавазова ѝ текна нешто што само на холивудските ѕвезди би им текнало: Во ова издание ја немаме видено (ФОТО)

Сузана Гавазова и сопругот Јасмин постојано покажуваат дека ако љубовта е вистинска, таа ќе опстојува и врската ќе биде квалитетна. Таа во една прилика изјави:

-Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

– Сузана секогаш стоеше на ставот дека каменот си тежи на своето место, затоа и веста дека ќе се врати во Македонија не не изненади многу.

Таа имаше ветувачка кариера кога замина во Шведска, освои многу награди на наши фестивали, работеше професионално. Сега ќе продолжи таму каде што застана – изјави за Фокус нејзиниот соработник, продуцентот Ване Петкоски.

Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

-Никогаш не знае човек што може животот да донесе. Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи.

Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов“, рекла Сузана за пандемијата.

И покрај тоа што е криза јас продолжив со снимање на нови песни и спотови, но до кога? Воопшто не е исплатливо…

Но, ете колку можам се трудам да им подарам на моите досегашни фанови песна која ќе ги расположи и во овие тешки времиња ќе им биде лек за душата.

Да знаат дека не сум заборавила на нив и дека и во добро и во зло секогаш треба да бидеме заедно“, додала таа.

– Најголем адут ми е задникот, па се трудам да го одржувам како и целата линија, па комплиментите најмногу се однесуваат на тоа.

Силикони немам на гради, и не сум подготвена сеуште, мислам дека за тоа човек треба да има храброст. Имам само силикони на уста, пред 3-4 години. Другото сѐ е природно на мене.

Добро е да се биде жена затоа што жените имаат предности, таа може да биде мајка, тоа е нешто најубаво. Може да биде заштитена и мило ми е што сум жена.

Убаво е да си жена, особено убава физички, ако знае да ја истакне и искористи својата надворешна убавина.

Гавазова постојано настапува во и надвор од Македонија, а во една прилика објави стори на Инстаграм од свадба, и тоа не било каде, туку кај фамилијата Елмас.

На неколку сториња во позадина се гледа како фудбалерот Елиф Елмас стои позади неа и игра со кренати раце, додека Сузе му пее и му игра, па и снима..

Па така, Сузе ја пееше својата песна „Бум бум“, а сите гости на свадбата играа и пееја како построени кога ќе се слушне гласот на Сузе.

Позади Сузана се гледаше Елиф Елмас кој не се одлепи од неа, со кого играа блиску еден до друг додека таа ја пее нејзината позната песна.

– Пу-ста љубомора разединува; Само песна нас не обединува; Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее; Пуста љубомора разединува

Само песна нас не обединувач Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее. Сузе објави фотографија со Елиф, и напиша:

,,Најдобриот фудбалер” со што Елмас неколку пати ја сподели фотографијата со Гавазова.

-Најубава и највесела свадба кај фам Елмас, додаде пејачката.

Гавазова постојано изненадува со своите успеси кои непрекинато ги реди и се гледа дека кај пејачката нема лимити. Таа на својата последна објава на Инстаграм на стори објави видео како позира позади мрежа од која во позадина навираа јаки светла.

Најверојатно Гавазова се сликаше или снимаше, а беше облечена само по градник на кој одозгора стави мрежеста маичка која откриваше многу. Ваква идеја би им текнало само на холивудските ѕвезди.

Previous articleСека Алексиќ откри како го негува сопругот: Тој е мојот крал и сакам да се чувствува удобно во неговото кралство
Next articleАгнеса во прегратка на убав маж – се работи за деловна соработка или нешто повеќе? (ФОТО)