Home Live Ова е Бошко, ама ме чува како да е Јошко – Нивес...

Ова е Бошко, ама ме чува како да е Јошко – Нивес Целзиус го прозва најдобриот хрватски фудбалер Гвардиол (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар откако го совлада фаворизираниот Бразил на пенали со 4-2, во мечот кој заврши 1-1 по 120 минути игра.

Актуелниот светски вицешампион успеа да издржи бројни налети на Бразилците, освен голот на Нејмар во судиското надополнување од првото продолжение, но и да се врати во игра преку изедначувачкиот погодок на резервистот Бруно Петковиќ во 117-та минута.

На голот на Хрватска блескаше Доминик Ливаковиќ (забележа вкупно 11 одбрани) кој во повеќе наврати ги бранеше ударите на Нејмар, Пакета и Ришарлисон, а потоа го сопре и шутот на Родриго во пенал-серијата (негов четврти одбранет пенал на турнирот). Покрај Родриго, пенал не успеа да реализира ниту Маркињос, додека за Хрватска погодија сите четири изведувачи.

„Ѕид“, „титан“, „херојот на Хрватска“, гласат дел од пофалбите во светските медиуми за голманот на Динамо Загреб, додека „И-ес-пи-ен“ вели „направете му на Ливаковиќ споменик во Хрватска“, по блескавата партија на хрватската единица.

По натпреварот, хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиола излезе со интересен твит: „Она што беше некогаш Бразил, сега е Хрватска!“, порача Гвардиола.

Неверојатните игри на Јошко Гвардиола на Светското првенство во Катар ги поттикнаа најголемите светски клубови да се обидат што поскоро да ги осигураат услугите на овој одличен стопер.

Досега како главен кандидат се истакнуваше Челзи, а сега во игра се вклучи и Реал Мадрид. Според италијанските медиуми, Реал веќе понудил 90 милиони евра за услугите на Гвардиола, а трансферот би можел да се случи во летниот преоден рок.

Исто така, Италијанците тврдат дека 90 милиони евра не се доволни за Лајпциг. Германците сакаат дури 100 милиони евра за услугите на Хрватот.

Тоа би бил најголемиот трансфер кога станува збор за дефанзивец. Рекордот го држи Хари Мегваер, за кого Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра.

Од оваа зделка значителна корист би имал и Динамо Загрб. „Модрите“ имаат право на 20 отсто од разликата од она што им го плати Лајпциг и она што ќе го добие Лајпциг.

Доколку Германците ги прифатат споменатите 90 милиони евра, Динамо ќе инкасира повеќе од 14 милиони евра.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, во октомври прими медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на традиционалната спортско-забавна манифестација „Турнир во мал фудбал на медиуми“, што по 30. јубилеен пат ја организира „Спортско радио 90.3 ФМ“.

Во хрватската делегација, која беше на прием кај претседателот, беше и познатата манекенка, актерка и пејачка од Хрватска, Нивес Целзиус која беше топ тема во сите медиуми пред околу два месеци во Македонија,

Таа го привлече вниманието на медиумите, со објавувањето на видео и фотографии на нејзиниот инстаграм профил, на кои ги бакнува гардистите, кои не реагираат, бидејќи такви се насоките за нивната работа.

Токму Нивес, го спомена Јошко Гвардиола во својот пост на Инстаграм. Таа својот миленик, мачето Бошко го стави на бујното деколте, облечена само во бикини кое е со коцкести мотиви.

Нивес, вака раскомотена ѝ даде поддршка на хрватсата фудбалска репрезентација и напиша: Сепак е Бошко, но чува како Јошко!

Previous articleАгнеса во прегратка на убав маж – се работи за деловна соработка или нешто повеќе? (ФОТО)
Next articleМаја: Ова што се прави на скопјани и Скопје е жалосно, целосно уништување на можноста за малку празнично расположение