Home Live Повод за радост во фамилијата на Весна Бејби- мислевме ќе бидеме како...

Повод за радост во фамилијата на Весна Бејби- мислевме ќе бидеме како на семејна слава, 15-20 луѓе, ама ова е нешто друго…

Со Весна Бејби Петрушевска секогаш имаме полни раце муабет, човек да не знае од каде да почне, и каде ќе го одведе разговорот. Со богат внатрешен свет и огромна животна енергија, кај оваа глумица дури и зборовите, гестовите и професионалните ангажмани, оставаат трага.

Едноставно, тежат. Замислуваат. Башка, не треба да се споменува дека Весна е голем професионалец, приватно пак, Бејби е ЖЕНА со две Е и две А“, напиша во една прилика Слободен печат.

-Одамна работам со деца со тоа што имав пауза затоа што морав да се посветам повеќе на Кирил и Мина. Ја активирав школата пред седум години и сум опасно фокусирана на таа работа.

Има неколку начини да оставиш белег: на филмска лента, телевизиска архива и театарскиот аплауз. Но, работа со деца и тинејџери е нешто кое остава неизбришлива трага, невидлива, а сепак толку моќна енергија.

Треба да си предодреден да умееш да работиш со деца. Децата се личности и препознаваат кога несебично се даваш себеси. Сакам да ме паметат нови генерации на кои Бејби реално не им значи ништо.

Да, знаат нешто што ќе им раскажат родителите, но сами откриваат попатно. Затоа се важни овие два проекта, „Дајте музика “ кој е сам по себе значаен и престижен, и „Гласна куќа” кој е првиот тинејџерски серијал на овие простори. Сите млади и мали глумци се од мојата школа. Тоа ме прави особено горда и среќна.

-Никогаш не може да се заситам од моите супер другари. Нашата приказна е 30 години и трае.

Повеќе сме од колеги, ние сме семејство. Во 2109. имав и јубилеј, 25 години актерска кариера и тогаш премиерано ја одиграв „Влези не се соблакај”, стенд ап кој ги размрда границите.

Веќе од февруари треба и тоа да продолжам да го играм.Тоа што навистина се подготвува се вторите сезони на „Дајте музика “ и „Гласна куќа”. Од септември имам план за нова претстава.

Весна Бејби на Фејсбук објави дека наскоро ќе се издаде книга која е всушност љубовната приказна на нејзините родители, но ја има и животната приказна на нејзиниот упкоен татко.

Бејби сподели објава од оној кој е автор на ова дело, Борче Трајковски кој напишал: Се крчка промоција на една возбудлива скопска приказна, полека ама сигурно… Раскажа Сашка Петрушевска, напиша Борче Боки Трајковски…

А на последната корица од книгата која е објавена се вели дека Сашка и Кире Петрушевски почнале да ги издвојуваат коцките од мозаикот на една повеќедецениска скопска љубов и взаемна почит.

На десетина страници Кире оставил белешки за тоа што се случувало во неговото детство, во младоста, за неговоте родители, за Сашка и за нивната љубов. Во тие страници, напишани со убав ракопис се чувствуваат насмевки, треперења во градите, воздишки и по некоја солза.

И за минатото, и за сегашноста“, стои во оваа објава што Весна ја споделила, а книгата се вика Скопска животна приказна.

Весна на својот Фејсбук профил сподели објава на Борче Трајковски која раскажува за промоцијата на книгата и вели: „Неколку збора за промоцијата на книгата “Скопска животна приказна“ – Сашка и Кире Петрушевски…

-18 часот, четврток, неработен ден, продолжен викенд, блокирани скопски крстосници, ноќно реновирање на булевар, празник, а во 18 и 30 салата во “Тренд -кафе“ Аеродром, веќе беше претесна да ги собере сите заинтересирани посетители.

Ќе го парафразирам Игор Џамбазов кој пред да ја отвори оваа промоција, рече: “Ние очекувавме ова промоција да помине ко семејна слава, со 15 – 20 луѓе, и толку, ама ова е нешто сосема друго, волкав интерес и ваква масовна посета е големо изнанадување, секоја чест…“

Моја претпоставка е дека луѓето од сите генерации, а ги имаше баш од сите, од најмлади до највозрасни, после оние години изо лација, кара нтини и други блокади, како едвај да чекаа да се случи вакво нешто за да се соберат и да се дружат.

Приказната за Сашка и Кире Петрушевски, беше одлична прилика да го направат тоа. Природниот тек на целиот настан, спонтаноста, без сценарија и режии, направи своевиден спектакл од промоцијата.

Голема благодарност од мое име до Игор Џамбазов и Весна Бејби Петрушевска, кои, со пригодни сеќавања од дружбите, односно, живеењето со Сашка и Кире Петрушевски, ја отворија промоцијата.

И да не заборавам да упатам големо благодарам до сите знаени и незнаени пријателки, пријатели, многубројни дами и господа, кои ја збогатија оваа промоција… И на крај -Тенкју Сашка, тенкју Весна за убавата вечер…

Previous articleАлександра Пилева жали по убавите спомени од Македонија, еве што прави сега нашата пејачка во Америка
Next articleАнтониа без шминка, објави слика од својата спална, но што кажува оваа тага на нејзиното лице