Home Live Растура со песна од Лепа Брена, а почна и да личи на...

Растура со песна од Лепа Брена, а почна и да личи на Брена- ова се случува кога Даниела Темелковска пее во Скопје (ВИДЕО)

Даниела Темелковска, нашата позмата фолк-пејачка, ги довери своите очи на Систина Офталмологија и вгради мултифокални леќи.

Поради својата работа, постојано одела на прегледи со надеж дека ќе се најде соодветна диоптрија, без притоа да носи два пара очила, за блиску и за далеку.

По препораките од својата сестра, која направила имплантаицја на мултифокални леќи во Систина Офталмологија, Даниела одлучила да дојде кај д-р Билјана Костовска и да ја отстрани диоптријата, објави https://sistinaoftalmologija.mk во една прилика.

Една од омилените и најатрактивните пејачки меѓу народот која секогаш знае да направи убава атмосфера е Даниела Темелковска, која изгледа одлично и се грижи за својот имиџ.

За нејзиниот изглед е главно задолжена сестра ѝ, а пејачката во една прилика изјави во што се чувствува најудобно.

„Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена“, рече Даниела за убава.мк.

За Даниела оддамна е познато дека годините се се само бројка, па иако е веќе зрела жена, изгледа како млада девојка, или што би рекле младите во жаргон таа е „авион“!

Иако Емилија не толку позната, сепак не е непозната, зашто јавноста најмногу ја знае од дует песните и видеата токму со сестра и Емилија.

Особено атрактивна е онаа од пред неколку години со наслов: „Нема дилема“, објави поглед.мк.

-Нема жена што не е убава, за мене убавината доаѓа од внатре, здрава храна, малку спорт, секојдневна грижа за себе и сето тоа зачинето со љубов“, изјави Темелковска.

Таа додаде дека она што најмногу сака да го пее се старите македонски песни, и рече што би сакала да биде ако не беше пејачка:

„Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.“

Темелковска на својот Инстаграм и Фејсбук објави свои атрактивни слики, а според нив, таа често се дружи со фолкерката Сања Гроздановска- Сани.

Неодамна еден газда на скопски ресторан објави дека не може да ја плати Даниела Темелковска за настап затоа што е скапа како Јелена Карлеуша, и апелираше на Фејсбук да дојдат луѓе во што поголем број за да биде ресторанот полн.

Даниелаво потоа почесто пееше во истиот локал, и според она што се постира на социјалните мрежи, секогаш е полно.

А фолкерката, која инаку не многу го експинира своето деколте и долго нозе, овој пат се опушти, се сликаше со раскопчано палто и покажа што има.

Во септември имаше голем повод за славење во семејството на Даниела Темелковска, свадбата на нејзиниот син, Даниел. Даниела била многу весела и изгледала топ, според сликите и видеата што ги објави на Фејсбук.

Таа се сликала со синот, но и со својата убава снаа, а и запеала во чест на невестата и на младоженецот.

Во жолт фустан со длабок шлиц, убавата свекрва ја почестила својата снаа, ама и својот син со песната „Уно моменто“, од Северина.

Даниела на Фејсбук објавила видео во кое пее песна од Лепа Брена.Станува збор за песната „Болиш не пролазиш“, која Даниела ја испеала ептен профи, и со многу емоции.

Даниела, освен што толку јако доловува песна од Брена, таа почнува и да личи на Брена, и со движењата и со начинот на пеење, и со фризууара и шминката која ја гледаме на ова видео каде што Данче растура!

Previous articleВо краток и тесен летен фустан на егзотично место- Адријана Алачки ваква не ја знаеме (ФОТО)
Next articleАнета Наковска објасни зошто во Македонија се нема, а во Америка се има- кај нас да ѝ речеш да избрише прозори…