Home Live Ужива во друштвото на овој шармантен познат човек- еве зошто Кате од...

Ужива во друштвото на овој шармантен познат човек- еве зошто Кате од „Соната“ е толку насмеана

Една од најубавите песни на велешката фолк група Кате и Соната,е темата ,,Ти ветувам љубов,, чиј комплетен автор е велешанецот Темелко Андреев. Песната е забавна и сосема различна од тоа што групата претходно го негуваше.

-Идејата беше да создадеме песна, која би се пееле како прва, вовед од свадбената радост. Знаете младите често се во недоумица како да ја отворат свадбата. Еве ние им нудиме нешто убаво, нежно, љубовно.

Кога Темелко ми ја понуди песната, да бидам искрена се двоумев дали да ја прифатам, бидејќи е различна од тоа што досега сум го пеела. Авторот имаше идеја како тоа да го испеам, ја доработивме и ја снимивме – вели Катерина Брезева.

Видео спотот целосно е изработен од ,,Импакт продукција,, од Велес, сниман на сцената од салата ,,Бели мугри,, потоа во Хотелот Романтик, покрај езеро Младост.

Тоа е љубовна приказна , со среќен крај. Во него се појавуваат професионалните танчери Илија Карадаков и Симона Веселеиновска додека соло на гитара свири Борис Галев.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи. Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката.

Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радоцната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Како што велат, крушата под круша паѓа, па малада Ана уште од мала покажа дека го наследила музичкито талент од своите родители. Таа уште отсега покажува љубов кон музиката.

Кате на својот Инста профил објави слики од нејзиното дружење со шеф Марк, ппранешниот готвач од „Брза кујна“. Секако, со неа е и Трајче и пријателите, а сликани се во една позната винарија.

Шеф Марк иако си замина од Брза кујна, и не е секој ден на ТВ, не ја згуби својата популарност и актуелност, тој секогаш е интересен за народот кој будно го следи.

Сигурно дека Кате уживала во специјалитетите кои за нив ги подготвил Марк, а и во неговиот шарм и хумор. па затоа нашата пејачка на оваа слиука е посебно среќна и насмеана.

Previous articleАнтониа без шминка, објави слика од својата спална, но што кажува оваа тага на нејзиното лице
Next articleЈадела по една кифла на ден, едвај преживувала, ќерката на Кеба, и сестра на Игор, Наташа имала тежок живот