Home Live Во краток и тесен летен фустан на егзотично место- Адријана Алачки ваква...

Во краток и тесен летен фустан на егзотично место- Адријана Алачки ваква не ја знаеме (ФОТО)

Нашата позната пејачка на народна музика Андријана Алачки на својот инстаграм-профил во март оваа година објави фотографии од семејниот албум со својата ќерка Грациела.

Поводот за овој прекрасен колаж е 33-тиот роденден на нејзината ќерка Граци благодарение на која Андријана е горда баба.

– Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци. 15. март1989 ..дојде на свет душата мајкина, белата самовила… немаше посреќна мајка од мене…сонот мој стана јаве..ти благодарам Господе.

Веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас” постои нејзиното височество ,, таа”..првиот плач, солза, чекор, збор…

кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател..без интереси, без услови ….

Кога зборот и е алтан … умот како универзумот … душата како океаните..да може ćе да собере ..таа стана мојот идол… но кога се подготвува бура..таа умее да ги распне своите едра … и да му пркоси на ветрот и невремето …. е таква е мојата Граци ….среќа мајкина.

Сине да ти е среќен роденденот..да си ми здрава и жива..да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство… дај Боже и ти да си толку горда мајка..како јас со тебе .. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА“, напиша Адријана тогаш.

-Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија.

Готвењето отсекогаш беше моја пасија. Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.

Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети“; реча Адријана во една прилика во Женски магазин за својата љубов кон кулинарството.

-Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната.

Со крајна почит кон македонската музика, се оградувам од фестивалските настапи, кои по мене се поле за докажување на младите надежни имиња. Како последица на мојот престој во Емиратите се роди нова песна, која наскоро ќе ја промовираме, со сосема поинаква тема, македонско-арапска музика.

Сакаме да докажеме дека преку музиката воспоставуваме пријателски односи со другите народи. Автор на музика Далибор Ѓосиќ, текстот е на др. Мохамд Касем Касаб, преводот и адаптацијата на текст го направи Огнен Неделковски.

Јас ѝ дадов име на песната, „Љубов“. Наскоро ќе се снима спот во Емиратите, во Либан и во Македонија“, изјави Адријана во истиот медиум на тема музика.

Адријана објави слики од многу зготично место, каде што таа е во шарен, тесен и краток фустан, а во вакво издание нашата позната водителка и пејачка не сме ја виделе.

Сликите на Адријана се од Бразил, сликана е покрај базен во ова опуштено издание, а ова е всушност еден нејзин убав спомен. „Едни од најубавите мои спомени, Вкусот на традицијата во Бразил, Баија, Салвадор со Glaucia Rodrigues, жена за сите времиња!“, напишала Адријана.

Previous articleМаја: Ова што се прави на скопјани и Скопје е жалосно, целосно уништување на можноста за малку празнично расположение
Next articleРастура со песна од Лепа Брена, а почна и да личи на Брена- ова се случува кога Даниела Темелковска пее во Скопје (ВИДЕО)