Home Live Извесен Бојан ѝ даде чуден комплимент на Агнеса: Убавата МАЦА, ми личиш...

Извесен Бојан ѝ даде чуден комплимент на Агнеса: Убавата МАЦА, ми личиш и на ЛИСА

Агнеса себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.

-Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот.

Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.

Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен.

Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… Тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни“, изјави Агнеса во mama.glamur.mk.

Една од нејзините објави е слика со мајка ѝ, Гордана, на која се гледа дека таа е убава и негувана дама, а Агнеса многу личи на својата мајка.

Агнеса е и голем верник што покажува еден од нејзините постови кој е различен од другите. Овде нема шминка, фризура и скапа облека.

Таа минатата година замина на поклоничко патување во Црна Гора, во манастирот Свети Василије Острошки. Изгледа дека во Острог, молејќи се, таа го пронаоѓа својот мир.

И Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали, со пријатели, но и со ќерките.

Орданоски, и покрај бурниот развод со Агнеса Органџиева, се уште на својот Инстаграм профил ги чува нејзините слики, и оние каде што се само тие двајца, и оние каде што се семејно- со ќерките.

Има тука слики од семејни одмори, од семејни излегувања, но и некои од нив двајца, а една која привлекува внимание е онаа каде што Роберт на Агнеса ѝ сипува шампањско во чашата.

Една објава на Орданоски на Фејсбук се однесува на нивната постара ќерка Вивиен, која заминала да студира во Словенија, а ја обајвила Агнеса, означувајќи го Роберт.

Вивиен Ордановска горди сме што ја искачи и оваа скала на успехот. Те сакаме- напишала Агнеса за ќерка си која ќе студира на Универзитетот во Нова Горица.

Дали ова значи дека поранешниот брачен пар е повторно заедно, или го негуваат добрите одоси поради децата, времето ќе покаже.

Во интервју за Гламур, таа отворено зборуваше и за тоа дали повторно размислува за брак, на што беше брутално искрена и одговори:

„Зошто да не, би сакала, нормално. Сепак, за мене тоа е лист хартија и не ми е мерило за такво нешто, и другите треба да го разберат тоа. Тоа е само еден потпис што го користиме секој ден на работа“ одговори Агнеса.

Таа во една пригода изјави дека мажите се плашат да ѝ пријдат, па во врска со тоа за „Гламур“ изјави:

„Тоа е така зашто сум заштитена со мојата аура и не можат да ја пробијат. Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат па се рушат“, изјави Агнеса за „Гламур“.

Органџиева, во последните објави во два наврати објави слики од коњички клуб близу Тетово. Таа не објаснува дали е ова бизнис ангажман, или нејзина дамнешна пасија, но во секој случај, направи одлична презентација!

-Овој коњички клуб се наоѓа во Тетово, на преубава локација, ќе биде отворен наскоро за сите посетители, и вашите деца ќе можат да го научат овој преубав спорт, а родителите да ручаат во ресторанот и да уживаат во двојната енергија… за повеќе информации наскоро ќе ве известам

Да ве запознаам и со Паша… Паша е Арапски коњ. Арапските коњи имаат префинети глави во облик на клин, широко чело, големи очи, големи ноздри и мали муцки.

Повеќето прикажуваат специфичен конкавен или „дишан“ профил.

Има многу приказни за нивното потекло, една од нив е дека на кралот Соломон му била дадена чиста кобила од арапски тип по име Сафанад што знаци („чистата“) од кралицата на Шеба.

Агнеса ја промени сликата на профил на Фејсбук, а на новата слика изгледа многу елегантно. Всушност, тоа го докажуваат и коментарите кои постојано се редат, колку убаво изгледа таа.

Сепак, помеѓу „нормалните“ се најде и еден чуден коментар, кој секако се однесуваше на комплимент, од извесен Бојан, кој напиша:

„Убавата МАЦА…, овде заличуваш малку и на „ЛИСА“.

Previous articleСпенџарска сподели што ѝ се случило: Ти глумат пријатели, а чекаат прва прилика за да те шутнат
Next articleНермин ја „ќари“ оваа пејачка од „Sвезде Гранда“, Вики Миљковиќ ја одобри врската, еве што им порача