Home Live Спенџарска сподели што ѝ се случило: Ти глумат пријатели, а чекаат прва прилика...

Спенџарска сподели што ѝ се случило: Ти глумат пријатели, а чекаат прва прилика за да те шутнат

Во една прилика, Фешнел пишуваше за стилот на Спенџарска: Неколку дена пред одмор знам да анализирам што точно ми треба пред да тргнам во пазарење.

Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали.

А, што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички. Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни.

Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини. Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.

Најважно од сѐ е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите.

Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене“, изјави таа.

Спенџарска кога го прослави својот роденден, а пред да дојде овој ден, таа откри дека имала голема роденденска желба за која најави дека штом ја замислила, таа ќе ѝ се оствари.

Претходно на стори таа напиша дека претходните родендени ги славела во карантин, а овој на среќа нема да помоне така.

-Јас си посакав една единствена роденденска желба пред 2-3 недели, и замислете тој официјалниот дел, најважниот ми се исполни.

Сега на ред доаѓа другиот кој ќе се исполни многу брзо. Важно, оваа година за мене е многу голема, многу работи ми се резервирани за 2022…“, рече Спенџарска во своето стори.

Спенџарска во една прилика имаше 2 поводи за дотерување. Прво беше на реотварањето на Краш на улица Македонија, па потоа на веридба кај пријателка.

Таа одлучи еден „аутфит“ да приспособи на двете пригоди, па облече тесни розеви хеланки кои ги искомбинира со светкава проѕирна кошула која и стоеше многу добрo.

Врз кошулата облече розево сако, а косата ја стилизира класично, како што и стои најдобро. Имено на видеото кое што таа го објави, Марис не пропушти да и искоментира и ѝ напиша:

,,Розевко ама ти стои…”

Имено Спенџарска секогаш изненадува со инспиративни извадоци кои ги објавува под секој нејзин нов пост, а сега таа напиша нешто што на многумина им се допадна:

-Некој ги зголемува усните, некој градите… Јас би ја зголемила платата и годишниот одмор.

Спенџарска на своето стори на Инстаграм напиша подолг текст за луѓето кои завидуваат, а речиси сите нѐ опкружуваат. Водителката од своето лично искуство научила важна лекција која ја сподели на своето стори:

-Мирна вода – брег рони. Значи мал милион пати во животот тоа ми се докажало!!! Тие што се прават мирни фини, слатки, скромни, тие на крај испагаат најопасни…. ама секогаш!!

Има многу кои и лично ги познавам, точно знам што прават, со кого и каде, ама они во општеството се ‘пример’ за тоа како ТРЕБА! Нема врека што растураат бракови, се мешаат каде што не им е местото, ти глумат пријатели, а чекаат прва прилика безмилосно да те шутнат.

Ама тоа ‘НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ! И нормално дека никој и ништо нема да рече или помисли за нив зашто, кој би рекол нешто лошо за нив, нели?

Пре би да се збори за некој кој зборува гласно без страв, некој кој постојано е активен, кој си живее баш како што тој сака, а не како НАЛАГА ОПШТЕСТВОТО!

Тие секогаш ке бидат КРИВИ ЗА СЕ, глупи, сељаци…. долга е листата! Колку побрзо го сфатите нашиот ОСАКАТЕН И СИРОМАШЕН МЕНТАЛИТЕТ, толку посреќни ке бидете.

За мои години искусив свашта на своја кожа и кажувам од лично искуство –

ЖИВЕЈТЕ СИ ПО СВОЕ!! НИКОЈ НИКОГАШ И ЗА НИШТО ФАЛА НЕМА ДА ВИ КАЖЕ, терајте си каде ве води срцето, а времето ке покаже кој каков е и колку вреди! Сами на себе сте си НАЈГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ.

Previous articleНапишал лажно проштално писмо- за инает, си пиеше покрај реката, и не се дружеше со колегите- Животната приказна на Павле Вујисиќ
Next articleИзвесен Бојан ѝ даде чуден комплимент на Агнеса: Убавата МАЦА, ми личиш и на ЛИСА