Home Live Сузана Турунџиева се заблагодари за тоа што е надарена: Ти благодарам животe...

Сузана Турунџиева се заблагодари за тоа што е надарена: Ти благодарам животe за талентите кои ми ги намножи, за со нив да можам непрестано да растам

Сузана Турунџиева, една од нашите најпознати водителки, во едно интервју проговори за својот приватен живот, тешките моменти со нејзините најблиски, но и делата кои ги создала:

– Првата книга “Куфер со соништа” ми е издадена во 2007 година. Оваа книга беше поттикната од еден мој сон кој го сонував во годините додека ми се редеа прашалниците ‘зошто на брат ми мораше тоа да му се случи, зошто некои работи морале така да завршат…’

Никогаш не најдовме одговори кои ќе ни дадат објаснување зошто, кога му се случи сето тоа. И во еден сон се видов себеси како пишувам книга и како давам одговори на некои прашања.

Всушност, сонот го протолкував лично, а тоа беше дека јас морам да извадам нешто на хартија, да не трпам и да не потиснувам повеќе ништо во себе, затоа што сум човек кој длабоко во себе собира многу, се до еден момент додека не се почувствувам толку преполнета, што нема да знам каде да ја извадам целата моја тага.

Така почнав да пишувам“, рече Сузана. Братот на пејачката прерано го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада.

Панде Турунџиев според написите во медиумите најпрво бил кидн апиран, па упокоен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.

Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по дваесет години од загубата. Во спомен на својот брат пејачката сподели емотиво видео со фотографии од семејниот албум од раното детство на Панде и заеднички фотографии од бројни убави моменти од младоста на непрежалениот брат, син и сопруг.

Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми. Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво.

Но, не се разреши убаво, стигна најст рашната вест. Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав, можеби не се соголив комплетно, но сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Уште еден нејзин статус е до срж искрен. Во него има и малку хумор, но Сузана како со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата ( Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотични места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: Ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил ги објави украсите кои рачно ги изработува во едно помало видео, а потоа напиша дека е бескрајно благодарна за овој талент кој го поседува.

-Ти благодарам животе. За талентите кои ми ги намножи, за со нив да можам непрестано да растам, да учам, да се усовршувам и да усреќувам…

Особено Ти благодарам затоа што ми даде очи и уши за да можам да видам и слушнам кој се радува, а кој ги презира и игнорира моите таленти. За СЕ Ти благодарам.

Previous articleНермин ја „ќари“ оваа пејачка од „Sвезде Гранда“, Вики Миљковиќ ја одобри врската, еве што им порача
Next articleТрифун проговори за преубавата Лиле, по која сите трчале, но само еден можел да ја има