Home Live За она што и се случуваше на водителката Спасија, може филм да...

За она што и се случуваше на водителката Спасија, може филм да се сними – сега ужива во Австралија, заслужено

Поради смислата за хумор им е интересна и на нејзините следбници на Тикток. Видеата од Токток, таа ги споделува и на Фејсбук и главно се врзани со шеги на нејзина сметка.

Видеата се на српски јазик и Спасија одлично ги глуми „дамите“ кои зборуваат за својот изглед на оваа наша позмата водителка, шарматна дама која водеше емисии за деца и за возрасни.

„Ме мотивираат многу работи: успешни животни приказни, луѓе со убава енергија, ме мотивираат и инсппирираат советите од татко ми. Од луѓе што биле, виделе, допреле искусиле дел од светот“, вели таа.

Станува збор за Спасија Вељановска. Водителката ја знаеме од фреквенцијата на МТВ, каде што ја водеше познатата детска едукативна програма „Ѕвон“, а потоа има водено уште една емисија која се вика „Урбан таг“.

Таа засега го напушти телевизискиот живот, а имаше и добра причина. Спасија на почетокот од 2021 се омажи за Џек, македонец кој долги години живее во Австралија. „Пливам веќе 9 месеци со мојот сопруг Џек.

Бракот со него ми е најдобрата донесена одлука во животот. Набрзо заминуваме за Бризбејн – Австралија. Ветувам дека и преку океанот ќе продолжам да ве смеам. Време е за промена своето новинарско искуство ќе го применам овој пат во друга земја’, изјави Спасија за весникот ВЕЧЕР.

„Се запознавме преку наша заедничка пријателка, а потоа комуникацијата продолжи на интернет. Бидејќи тој живее во Бризбејн, Австралија, поради временската разлика од 8 часа најголема жр тва ја поднесе тој.

Станува во 3 часот наутро пред работа за да имаме повеќе време да си поприкажеме. Што се однесува до неговата професија, има две градежни фирми и неговото темпо е доста динамично, но кога има љубов ништо не е тешко дури и да се тргне „пешки“ од Австралија до Македонија“, ја започна својата приказна водителката во Женски магазин.

„Ме запроси на 29 декември во 2019 година, во неговиот дом, откако му подготвив макарони (кои ми се специјалност), со најубавото прашање кое досега ми било поставено: „Бејб, ќе ми правиш ли макарони целиот живот?“, вели Спасија за свршувачката со Џек.

И потоа, почнува нивната голема драма, разделеност, исчекување, неизвесност, живеење еден без друг, токму во времето кога треале да бидат најсреќни заедно, а водителката раскажа детално за се во една прилика.

На 11 јануари во 2020 година, во еден скопски ресторан тие се венчале пред матричар и уште од тогаш почнале со подготовките за свадбата во Македонија, бидејќи Џек и неговиот татко морале да се вратат на 22 јануари назад за Австралија.

„Но, го испративме татко му, а Џек ја одложи картата за еден месец подоцна. Закажавме свадба на 11 јули во 2020, на која имавме во план да поканиме 400 гости, наши роднини и драги пријатели со кои сакавме да ја споделиме среќата, а црковното венчавање сакавме да се случи во манастирот Св. Никита.

Во март во 2020 година стигна соопштение дека сите свадби за таа годин се одложуваат за 2021. Неговите родители веќе имаа купено авионски билети да дојдат први, за да се организираме околу свадбата.

Но, пандемијата нè спречи во сè. Не се откажуваме, закажавме повторно свадба, овој пат на 26 јуни 2021“, додаде Спасија летото во 2020 година. Сите нивни планови,во тоа време се правеле прават онлајн, и иако постоела шанса да се видат, и таа желба не им се исполнила.

„ Морам да раскажам дека имавме два месеци компликации околу документите за виза, нашите институции правеа грешки околу презимето и додатно ја отежнаа работата. Џек сакаше да се вратам со него во Австралија и заедно да дојдеме пред свадбата.

Но јас инсистирав да ја завршам сезоната со „Урбан таг“. Сфативме дека временски нема да стигнеме, па повторно го сменивме планот, јас да дојдам штом ми стигне визата.

Границите се затворија на 17 март во 2020, јас добив виза на 18 март. Имаше уште една ситуација. Кога Џек требаше да дојде во Скопје, неколку часа пред да тргне, сфати дека му го нема пасошот.

Не можеше никаде да го најде, па го одложуваше билетот и извади пасош по брза постапка и една недела потоа дојде“, е дел од возбудливата приказна на Спасија.

„Далечината за љубовта е како ветрот за свеќата – ако е пламенот мал, ќе го изгасне, ако е голем, ќе го разгори. Модерната технологија исто така има голема заслуга.

Ние не комуницираме само тие 8 часа додека спиеме, остатокот од денот ги користиме социјалните мрежи и модерната технологија да комуницираме преку видео јавување.“, кажа за својот сакан во Женски магазин Спасија за време на пандемијата.

Среќата конечно им се насмевна на младенците. Повеќе од една година, Спасија и Џек се во Автсралија и заедно му се радуваат на новиот почеток. За своите нови планови, водителката вели дека прво ќе скокне па ќе каже оп.

Последнииов период откако е во земјата на кенгурите, водителката споделува слики од уживанциите со сопругот, а на една од нив се шегува: Се мажив Австралија, не ме барајте појќе.

Сега, таа си ужива во оваа далечна земја, а на Фејс објавила една оригинална слика од неа од плажа, како се капе во океанот, а сликана е од далеку, како удобно седната во гума, ужива во убавините на летото на овој континент.

Previous articleИгор Џамбазов раскажа како го погодила стварноста- не биле еден за друг (ФОТО)
Next articleЗоран Ванев ужива во Авcтралија со оваа наша убава пејачка во теcен фустан, среќен и насмеан (ФОТО)