Home Live Игор Џамбазов раскажа како го погодила стварноста- не биле еден за друг...

Игор Џамбазов раскажа како го погодила стварноста- не биле еден за друг (ФОТО)

Минатиот месец, на почетокот од ноември во Филхармонија се одржа концерт во чест на упокоениот композитор, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.

-Тој беше Џим Кери за тоа време. Овде не сме дојдени да го жалиме Џамбазов, туку да ја славиме неговата музика“, рече Игор Џамбазов за својот машки родител, како што го нарекуваше секогаш.

Актерот нагласи дека ја одбил поканата да запее. „Неме да личеше да пеев јас со Филхармонија. Во некој друг живот“, рече Игор и раскажа приказна за својот Маестро, а објави Женски магазин.

– Тој многу сакаше да прави расолница. Ми се чини дека цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“.

Имаше 19 песнички на тој фестивал. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, раскажа Игор Џамбазов.

– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, знаеше да ми каже дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рече тој низ насмевка. Потоа, објасни зошто неговиот татко имал апсолутен слух и прочита приказна која му ја напишал и посветил.

„Една вечер ми се јави во 11.30 навечер и ми се пожали дека нема Интернет, но има Фејсбук“, е една од приказните кои Игор со радост ги кажа за својот маестро.

-Пресреќен сум што татко ми Џамбаз навистина се гордееше со мене, и со се она што успеав да го направам. Но најмногу се радуваше на мојата одлука да го променам стилот на животот, повеќе да се сакам себе си од другите, и така да ги фрлам на буниште сите лоши филмови од приватниот живот во кои ја играв главнта улога.

Ми недостасува маестрото. Многу.. Неговиот дух, и неговата неверојатна љубов кон мене и сестра ми Тања, кон мајка ми Анче, кон музиката, и воопшто кон животот. Мојот свет одамна не е само мој. Инстаграмот е виновен за тоа.

Јас сум еден од ретките што ги споделува сите моменти од животот, онака какви што навистина се.

А не некој нестварен и нереален свет, во кој ништо не е онака како што изгледа. Мојот свет сега е Илина. И Дојран. И љубовта. И блузот. И здравјето“, кажа Иготр во истиот медиум во интервју пред неколку месеци.

Илина Арсова и Игор Џамбазов важат за еден од највљубените парови на македонската јавна сцена. Тие постојано споделуваат дел од заедничките мигови на социјалните мрежи, па така овој пат Игор реши да ги сподели своите.

Имено на крајот од јули, таа го прослави својот роденден, а како подарок од Игор доби куфер за патување. Е токму тој куфер Игор тогаш го спомена во една своја објава на Инстаграм.

„За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано…

Сам сум се уби вал. Еј животе, француски предлогу…“ – напиша Игор на фотографијата од Илина и куферот. Илина сега е на докторски студии на Универзитетот во Тенеси во САД, и со Игор се немаат видено неколку месеци.

Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен Игор Џамбазов.

Бошко како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете“, објав Вистина пред речиси три години

Поминаа скоро 11 години години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм во јануари во 2019 година објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:

-Осум години без мојот најдобар пријател Бошко, кучето кое беше поумно од многу луѓе…“. Сега, Игор пак се сети на својот Бошко на Инстаграм и објави своја позтара слика со него.

-2009, на рибникот во село Бабино. Бошко беше лудо вљубен во оваа мала срничка. Еднаш неделно го носев на визита. Мислеше дека е чивава, па сакаше да ја онади.

Но го погоди суровата стварност. Не беа еден за друг. Нешто како Ицката и Моника Белучи“, напиша Игор на Инстаграм.

Previous articleУжива во диско во друштво на овој наш познат новинар, Нора Шаќири никогаш повесела (ФОТО)
Next articleЗа она што и се случуваше на водителката Спасија, може филм да се сними – сега ужива во Австралија, заслужено