Home Live Се пишуваше дека Ноне останала во Македонија поради љубов, а сега таа...

Се пишуваше дека Ноне останала во Македонија поради љубов, а сега таа ја откри вистината: Во врска сум – eве со кого (ФОТО)

Слатката велешенка Ноне која пееше во музичкото шоу „Идол“, долго време си пее само за своја душа, а она од што живее е работата на брод. Нема место на светот на кое Ноне не била.

– Јас сум личност што многу брзо се здосадува, без разлика што и да правам и колку и да сум била ентузијастична на почеток, ако понатаму не се случува ништо различно или нешто ново, толку, се префрлувам на нешто ново…

Затоа до сега имам многу работи започнато и недовршено . Ама затоа чекорот што го направив и одлучив да започнам со работа на брод, мислам дека ми го смени животот.

Таму никогаш не може да ми биде досадно… секој ден нови места, и секоја недела нови патници, различни муабети… а не како тука, ќе седам и ќе трачарам аууу косава ми се крева :/ едноставно се затупавуваш… туку да се вратам на прашањето.

Секое место е убаво на свој начин. Би ги издвоила, Фуншал Португалија, Ајацо француска општина, Аликанте Шпанија, Варнемунде Германија, Ашдод Израел.“, изјави таа во едно интервју за puls24.mk.

Ноне од брод реши да се префрли на копно, барем на некое време и тоа во душата на Шпанија, во преубавата Валенсија, пред некое време.

Бидејќи е голем љубител на животните, таа одлучи да ја посети неверојатната зоошошка градина „Биопарк“ и со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографии и видеа од доживувањето.

– Чувство што не може да се опише со зборови ниту слика. „Каков ден!“, напиша некогашната пејачка во описот на една од фотографиите.

Меѓу поввеќето објави се најде и таква која ги насмеа сите оние што го посетија профилот на Ноне.

Имено, таа направи снимка од тоа како две големи желки имаат чин на парење, а пак Ноне не ги остави во приватност додека водат љубов и напиша: „Слушнете го нивниот звук кога водат љубов“.

Таа беше во врска со Рајан со кој раскина пред неколку години, а потоа и во љубов со српски музичар, но зборуваше и за Италијанте, какви мажи се, со оглед на тоа дека среќава многу луѓе од разни националности на бродот.

Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод.“. Таа зборуваше и за тоа како сe гледа за десет години. Ме фати еден период криза и реков доста е. Ама секогаш кога ќе си дојдев дома после месец и пол сакав да си одам.

Зборуваше и за тоа каква се гледа за десет години. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, изјави таа.

Таа минатата година објави своето работно место, парфимеријата во бродскиот фришоп. Ноне заводливо се смешкаше, а околу неа познати брендови на парфеми и козметика. Ѝ личи оваа атмосфера на Ноне, а се гледа дека ја прави среќна.

Во една прилика, таа беше во друштво на господин Доналд од Шкотска каде што се наоѓаше минатата година, и со слика од господин Доналд, таа раскажа како симпатичниот господин знае малку од јазиците на Балканот.

Тој вели дека е туристички водич, а потоа вели ѝ здраво, на што Ноне шармантно се смешка. Таа често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно, изјави Ноне во една прилика.

Ноне во последниов период на социјалните мрежи објавува само слики од Македонија, а не од нејзините авантури од работата на брод. Така може да се заклучи дека нашата убава пејачка е дома подолго време и не е замината во странство.

На една од сликите кои Ноне ги објави на Фејс, таа напишала едноставно- љубов, и на оваа слика, Ноне е многу среќна и насмеана.

Нашиот портал поради оваа слика забележа нешто интересно, а последоватолно се поставуваше и прашањето, кој ја слика Ноне?

Дали љубовта е причина што таа е повторно во Македонија, тоест уште и не замина преку барата, останува да видиме.

Сега, Ноне конечно откри дали има некој покрај себе, изгледа има многу кои се љубопитни за љубовниот статус на поранешната пејачка.

Ноне на својот профил објави слика со новиот имиџ, односно нејзината долга црвена коса, која сега е главната одлика за Ноне.

Ноне на фотографијата изгледаше неверојатно згодна и супер стилизирана, а во описот напиша:

„Моментално: Во врска сум со мојата прекрасна црвена коса.“

Previous articleВодителката Јана разделена од сопругот, на две различни страни, се гледа дека уживаат и кога не се заедно (ФОТО)
Next articleЌе фалиш премногу- Сефер Цаноски се прости од драг човек, познат политичар (ФОТО)