Home Live Ужива во диско во друштво на овој наш познат новинар, Нора Шаќири...

Ужива во диско во друштво на овој наш познат новинар, Нора Шаќири никогаш повесела (ФОТО)

Нора Шаќири Марковиќ, наша позната водителка, новинар и активист, во едно свое интервју на Бекстејџ зборуваше за мајчинството и бракот со Марко Кума Марковиќ, кој е музичар.

Нора и Марко го имаат синот Ијан кој се роди во априлл во 2020 година, токму на почетокот од пандемијата па за „Бекстејџ“ откри на што ја научило мајчинството и колку ја променило како личност.

„Мајчинството ме направи потрпелива. Конечно го сфатив она трпение-спасение. Одеднаш добив сила за многу работи за кои сум велела дека нема шанси да ги направам.

Сите мајки се менуваат откако ќе се породат и го имаат тоа чувство дека можат сè“, вели Шаќири Марковиќ за „Бекстејџ“.

Нора се породила со цар ски р ез, но на прашањето дали породувањето е најголемата бо лка што една жена може да ја доживее, вели:

„Најубавата и најтешката работа е да си мајка. Кој ќе каже поинаку лаже, греши или не е мајка за да може да знае. И покрај тоа што се породив со царски рез, беше болно. Меѓутоа, поради силата што ми ја даде детето, станав после само еден ден“, искрена е Нора.

За коментарите, прашањата и осудите за нејзинит мешан брак, вели дека во 21-ви век нема смисла да се зборува за тоа кој со кого е во брак, дали се развел…

„Исклучително ми е досадно да зборувам на таа тема. Јас се омажив од љубов, не затоа што Марко е Македонец. Немам веќе што да додадам на оваа тема, досадно ми е кога за тоа ме викаат во емисија“, признава новинарката.

– Искреноста и отвореноста се дел од мојата лична карта и така и ќе остане. Јас поинаку не знам и не можам.

Ме чинеше скапо искреноста и во дадени ситуации многу болеше кога бев брутално искрена, но затоа денеска сум на чисто со многу луѓе и ситуации токму поради мојата искреност.

Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по загубата на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој.

Ме прегрна, ми изрази сочувство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој. Кај Марко сакам буквално СЕ, и тогаш кога ме вади од такт јас бескрајно го сакам.

Марко е прекрасен лик, миленик на моите пријатели, Марко го сакаат сите затоа што е навистина многу добар човек.

Обожавам кога го слушам како пее поготово кога сум кај него на свирка, и кога ќе отпее нешто за мене“, рекла Нора во едно интервју за Женски магазин.

Инаку, поранешна директорка на Театар Комедија, минатиот месец доби пресуда во нејзина корист поднесена против Министерството за култура, откако лани тоа ја разреши од директорската функција, со образложение дека вршела моб инг врз вработените.

Нора ШАќири тоа го објави и на својот Фејсбук профил, а оваа вест тогаш ја пренесе Фактор: „Со РЕВ-АНШИЗМОТ кон мене се потопивте себе. Ова е моја ПОБЕДА, а ваш срам.

Денеска ја добив туж бата / пресудата во моја корист која ја поднесов против Министерството за култура кое минатата година ме разреши со образложение дека сум вршела моб инг врз вработените во Театар Комедија

и воедно сум прекршила закон односно во време на кампања за локални избори изреков мерка на колега кој 10 дена без никакво образложение не доаѓаше на работа.

Горда сум на себе, на сите оние кои веруваат во мене, на поголемиот дел колеги во ТЕАТАР КОМЕДИЈА кои застанаа тогаш на страната на вистината и на мојот адвокатски тим.

Правдата е спора но достижна. Ова е поздрав и за сите оние кои ликуваа и велеа еве и неа ја решивме. Запомнете Бени и Нора никогаш нема да ги скршите !!!!! НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ НИКОГАШ, БИДЕТЕ ЧЕСНИ, ВРЕДНИ. ДА СИ ЧОВЕК НЕ Е ОПАСНО“, напиша Нораво ноември.

Исто така, тужената страна, односно Министерството за култура, треба на Шакири да и ги надомести и трошоците за водењето на судската постапка.

Во диско клуб, среќна и насмеана Нора Шаќири уживала во свирката на брат и Бени Шаќири кој се гледа зад неа со својата група како настапува. А Нора е во друштво на наш познат новинар.

Огнен Јанески, од ТВ 24 ја означил својата пријателка која ја нарекол сестра и заедно се забавувале со музиката на Бени и Нон стоп, а Јанески пак до оваа слика има напишано: Да не рече сестрава Нора дека не ја тагнувам.

Previous articleТрифун проговори за преубавата Лиле, по која сите трчале, но само еден можел да ја има
Next articleИгор Џамбазов раскажа како го погодила стварноста- не биле еден за друг (ФОТО)