Home Live Водителката Јана разделена од сопругот, на две различни страни, се гледа дека...

Водителката Јана разделена од сопругот, на две различни страни, се гледа дека уживаат и кога не се заедно (ФОТО)

Една од нашите најубави водителки, Јана Серафимова е и една од домашните најпопуларни водителки, особено откако направи два ТВ трансфери.

Прво беше во ТВ 24, а потоа во ТВ Сител како водителка на емисијата Магазин, а сега води спортска емисија на ТВ Телма.

Во едно интервју за „Среќа.мк“, откри некои нешта за себеси.

-Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача.

Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери – да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива.

Сепак би рекла дека сум личност што не се „расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам.

Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав.

За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа.

На едно од прашањата кое гласи: Во што би се пронашла освен во водителството, таа рече:

Сигурно дека тоа би била музиката, затоа што тоа е и мојата вистинска професија.

Јана во јули направи свадба со Горан Петровски. Убавата новинарка која е вљубена во спортот и на „Телма“ ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, направи свадба со својот сакан“, објави Женски Магазин.

Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски Магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за налето.

-Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости.

Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот танц, а во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!

Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација.

Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТВ Телма .“, раскажала Јана за Женски Магазин.

-Брат ми Никола е фудбалер и единствен кој професионално се занимава со спорт, во моментов како играч на Унгарски Залаегерсег и Македонската фудбалска репрезентација.

Јас со спортови или физичка активност се бавам рекреативно, најдолго и најдисциплинирано до сега тренирав кик-бокс. Едно е сигурно – дека поседувам спортски дух“, рекла Јана минатата година.

Јазлични типови на ТV проекти како дел од редакциите за забава и култура, утринска програма, естраден/забавен Магазин.

Како репортер во информативните изданија ги следев настаните од културата, а мој авторски проект беше емисијата „Фан Пит“.

Таа откри дека нејзиниот неостварен сон е поврзан со еден од најпосакуваните мажи на светот, Лионел Меси. „Има многу спортисти кои би сакала да ги интервјуирам, но број еден на таа листа е Лионел Меси.

Причината е и повеќе од јасна, имам милион прашања за играчот кој важи за светско чудо, и покажува игра што на моменти делува и нереална.

Би сакала да ја почувствувам и пренесам на гледачите атмосферата од финале на Вимблдон на пример, или финале во Фудбалската Лига на шампиони“, рече Јана.

Јана ужива во љубовта со Горан, а сега се разделени на краток период што сигурно многу си недостасуваат еден со друг.

Имено Јана отиде во Будимпешта да прошета заедно со својот брат, кој е фудбалер и оттаму се пофали дека јаде суши, што за водителката е вистинско задоволство, а покрај себе е нејзиниот брат, со кој си поминува одлично.

Доказ за тоа дека на Горан многу му недостасува Јана е тоа што на фотографијата ѝ ставил едно срце на Јана. Горан моментално е во Индонезија, поточно во Бали, а утрово објави слика со преубав поглед.

Previous articleЈа викал бабо, а сега ќе тpеба да соработуваат – Веcна Змијанац откpи што ќе пpави со овој познат пејач
Next articleСе пишуваше дека Ноне останала во Македонија поради љубов, а сега таа ја откри вистината: Во врска сум – eве со кого (ФОТО)