Home Live Зоран Ванев ужива во Авcтралија со оваа наша убава пејачка во теcен...

Зоран Ванев ужива во Авcтралија со оваа наша убава пејачка во теcен фустан, среќен и насмеан (ФОТО)

Нашиот познат пејач кој по долги време неодамна ѝ се врати на музиката, Зоран Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.

Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан.

–Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години.

После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е, има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.

Лила се пушта, Моника, Танга, Бања Лука, значи доста хитови. Има пејачи во Србија кои долго пеат, а немаат толку хитови колку јас што направив со два или три албума.

Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Во истото интервју, тој најави дека наскоро сите Македонци ќе ги изненади со една убава македонска патриотска песна. Но, пејачот кој е родум од Штип, веќе години наназд се има повлечено од музиката, и работи нешто сосема друго.

Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

„Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.

Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.

Исто така и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев за „Фокус“.

Пејачот раскажа дека се занимава со лекување на сите врсти на болести без ограничување, и оти се консултира со доктори од школската медицина секогаш кога му е потребно.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно.

Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот“, рече пејачот.

Зоран Ванев по долго време реши да и се врати на музиката, па сними песна на српски јазик која се вика „Одакле си лепа селе“. Тој во песната ги опева жените и раскажува ваква приказна:

-Убави се Французинките, Италијанките, Германките, но нашите се најубави…“, вели Ванев во песната во спотот кој е полн со многу убави жени.

Нашата позната пејачка Сања Лефкова, која се презива Христова, споделила спомен од нејзин настап со Ванев, во Австралија.

На сликата која е постара, таа е облечена во тесен фустан, атмосферата во публиката е весела, а Ванев изгледа доста среќен и насмеан во друштво на оваа негова убава колешка.

Previous articleЗа она што и се случуваше на водителката Спасија, може филм да се сними – сега ужива во Австралија, заслужено
Next articleПратеник од СДСМ ги повика инспекторите на јуриш од понеделник – на трговците кои не ги намалуваат цените