Home Live Дац ја сака како своја ќерка, ова е убавата Јана, ќерката на...

Дац ја сака како своја ќерка, ова е убавата Јана, ќерката на Весна (ФОТО)

– Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејството“, објави во една прилика актерот Драган Спасов- Дац кој често знае да раскаже по некоја интересна семејна приказна.

– Да имате миленик не е лесна работа, но за да се одлучите на таков чекор е голема храброст. Нашето потесно семејство кое брои три членови (сега четири) долго време беше терор изирано од најмладиот член.

(Во понатамошниот текст ќе ја викаме Јана) Мислам дека немаше ден кога Јана немаше да спомне, или да праша кога ќе земеме куче. Одговорот на вториот по старост на фамилијата, (во понатамошниот текст ќе ја викаме Весна) обично беше:

Кога ќе се омажиш ќе ти купам какво сакаш куче, во оваа куќа куче не влегува. Но… Едни наши блиски пријатели се одлучија да земат куче, тоа беше доволно за журка во главата на сите нас.

После долги преговори, стресови, молења, одрекувања, позитивни насмевки… Кај членот Весна се осети благо попуштање.

Тука веќе стана прилично напнато, затоа што јас како најстар член во семејството, знаев дека сме на пат да земеме миленик, но знаев и дека обврските се огромни.

Кога пресековме, одлуката беше поздравена со бурни овации но беше прашање од каде и што ќе земеме. Се одлучивме за расата Бигл, за кого не очекувавме дека ќе биде толку темпераментен и брлив.

После љубовта на прв поглед го најдовме нашиот иден член. Е сега дојде на ред името… После повеќе денови и ноќи натегања и илјада предлози за име, конечно решивме. Ќе се вика Танго!

(Морам да признаам дека кумот сум јас) Танго пристигна една вечер, доцна во ноќта и сите бевме бескрајно возбудени. Тој се однесуваше како веќе да живеел со нас.

Се редеа денови и Танго како што растеше се повеќе моч аше и ка каше кај стигне.

После ја препозна пелената каде што му беше тоалетот и физиолошките потреби ги вршеше таму, а ние сите на глас викавме бравооо, а Танго не гледаше чудно.

Викавме браво еден месец, два, пет… се прашувавме до кога ќе викаме браво и кога ќе престане да го прави тоа дома. Но како со нож пресечено, еден ден престана да го прави тоа и своите потреби ги извршува надвор.

Првата конкретна комуникација беше кога му баравме топка и отиде ја донесе. Сега кога ќе се осети запоставен, ни ја носи топката за да му ја фрламе. Знае да седи, да се поздрави, да лежи, да се превртува.

И тоа го гледаме како заеднички успех. Танго е сега убав и умен мажјак од две години роден на 4ти август во знакот на Лав. Инаку Весна која што едвај попушти, сега е најповрзана со него, а пак тој, Танго, е најповрзан со Јана.

Јана и Танго се во една голема љубов. А можам да кажам дека мене ме почитува, сепак јас сум највозрасниот мажјак во семејството. Танго е најсреќен кога сме сите дома. Имам впечаток како да не собира заедно.

Сака да се гушка затоа што сите сме гушкала. Чудо едно каква љубов се создаде према овој најмал член на семејството, како ние према него така и тој према нас.

Еден за сите-сите за еден, би рекол Александар Дима“, напиша Дац во една прилика.

Во мај оваа година, синот на Драган Спасов Дац, Јаков се ожени со својата девојка Софија. Тој беше облечен во костум и патики, а невестата наместо венчаница носеше кратки панталони и долг вел.

Јаков и Софија објавија неколку слики на Инстаграм, и велат, дошол денот за венчавка.

Но, наместо класична свадба тие направија журка на отворено. Јаков се ожени еден месец откако неговиот татко направи свадба со Весна на неговиот 59 роденден.

Дац има изјавено дека е многу приврзан со својата ќерка Јана. Таа е всушност ќерка на неговата сопруга, но актерот ја сака како своја ќерка. Кога и беше роденден, Весна објави слика од неа и напиша: Среќен роденден убавице моја.

А и Дац често знае да објави слика од Јана на Фејсбук, па така на ланскиот нејзин роденден, а и на овој напишал:

Среќен роденден мила моја Јана. Јана му е друштво и на неговите патувања, и Дац е вистиски светол пример за добар родител, на неговите два сина и ќерката.

Previous articleЦел авион само за Ноне, пејачката пак летна од Македонија, како повластен патник (ФОТО)
Next articleJулија по големата загуба, се враќа во нормала: Некои работи ни се случуваат со причина